December 8, 2021, 11:59 pm

Гошаревски: Поголема поддршка за спортот во Ресен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Општина Ресен ќе ја зголеми финансиската поддршка за спортските друштва, а со постојано и континуирано вложување во спортската инфраструктура ќе го зголеми квалитетот на спортскиот живот во Преспа, вети денеска градоначалникот и кандидат на СДСМ за нов мандат Живко Гошаревски.
Со претседателот на партиската комисија за спорт Наумче Мојсовски изјавија дека по подолг период, за љубителите на спортот, ќе може да се изнајмува спортската сала „Зоран Стојановски“.
-Преспа од секогаш била расадник на млади спортски таленти, а со нашите политики и проекти, кои ќе ги релаизираме ќе направиме да биде така и во наредните години, рече Гошаревски.
Мојсовски пак, како поранешен ракометар, смета дека Ресен и Преспа заслужуваат подобри услови за спортистите и оти со реализацијата на нови проекти ќе ги вратат на спортските врвови.
-Од следната година повторно ќе се возобнови и традиционалниот турнир во мал фудбал, кој многу им значи на ресенчани. Наскоро ќе биде распишан тендер за реконструкција на оградата на Градскиот стадион во Ресен, а на барање на жителите ќе биде изградено и баскет игралиште. Ресен и Преспа го заслужуваат тоа, се надевам дека ќе ги вратиме на спортските врвови, изјави Мојсовски.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This