ГО ГACHEA 11 ПОЖAPHИКАРИ: Пожap во куќа во близина на Домот на гpaдежници, го гacнеа 11 пожapникари

  • October 13, 2019

Пожар избувна изутринава во куќа во близина на Домот на градежници во центарот на Скопје, изјави за МИА, командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 8:37 часот е примена дојава за пожар во куќа во близина на Домот на градежници. Опожарени беа 20 квадратни метри во куќата. Пожарот го гаснеа 11 пожарникари со четири возила. Пожарот е изгаснат во 9:40 часот, рече Симоновски.

Посочи дека во моментот кога избувнал пожарот куќата била празна. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.

Претходно «
Следно »