ГО ИЗБРКАА И САМСОНЕНКО: ФК „Вардар“ останува без спонзор – Шилегов потврди дека инвеститорот си заминува!

  • August 14, 2018
  • Коментари

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека бил известен од раководството на ФК Вардар на чело со Сергеј Самсоненко, дека тој повеќе нема да инвестира во клубот.

– ФК Вардар е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена, изјави денеска Шилегов.

Русинот во Вардар пристигна во 2014 година, а под негово водство, „црвено-црните“ остварија историски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

Претходно «
Следно »