ГО ПРЕПЛАШИЛ ДО СМРТ: Тајсон му упаднал во канцеларијата на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгогодишното пријателство помеѓу поранешниот шампион и актуелниот претседател на САД било ставено на тест. Британскиот „Тајмс“ пренесува делови од книгата на Тим О’Браен „TrumNation“ во кои наведува одредени интересни цитати на актуелниот претседател на САД.

Поранешниот бизнисмен, а сега прв човек на САД, во минатото водеше бурен приватен и јавен живот, а го врзува и долгогодишно пријателство во легендарниот Мајк Тајсон.

Неодамна Трамп му честиташе на Тајсон за враќањето на тренинзите и одличната форма која ја прикажа иако има 53 години, но пред 30 години нивното пријателство било ставено на тест поради љубомората на боксерот.

Трамп во минатото му бил советник и бизнис партнер на Тајсон и дури финансирал неколку негови бокс меча. О’Браен во книгата пишува за уште еден испад на Тајсон и тоа во канцеларијата на Трамп во Њујорк.

„Ми рече: Можам ли да те прашам, дали ја е**ш мојата сопруга?“, ги цитира авторот зборовите на Тајсон.

„Јас се смрзнав. Мртов сум, имав нула шанси против него. Тој беше светски шампион со солидно вооружување“, зборува Трамп во книгата.

„Тајмс“ не го открива одговорот на Трамп, а сопруга на Тајсон во тоа време беше актерката Робин Гивенс која во тоа време беше една од најубавите и најпосакуваните жени во САД.

Latest News

Ердоган: Шумcкитe пoжapи вo Турција ce нajтeшкитe вo иcтopиjaтa

Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, кога пожарот во област...

More Articles Like This