Го протуркаа на сила: Планот на Царовска за основно образование помина на Влада

Поврзано

Царовска: Училиштата ќе ги печатат учебниците за децата кои немаат електронски уреди

Новиот систем за образование, новата Концепција за основно образование и новите програми предвидуваат и современ концепт на учебници. Со...

Учењето стана привилегија на богатите: Од септември електронски учебници, тие што немаат компјутери ќе се снаоѓаат како знаат

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците од септември ќе учат од електронски учебници. Хартиените учебници ќе се...

Донесени новите наставни програми за прво одделение, ќе се применуваат од учебната 2021/2022

Првачињата во новата 2021/2022 учебна година ќе учат по новите наставни програми што денес ги донесе Министерството за образование...
- Advertisement -

На денешната седница Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации. Во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.

Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитaвани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН.

Посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Latest News

3acтрелан вojник на АРМ на вoeниот полигон „Криволак” за време на воени вежби

На 17.04.2021 во 13,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 13,00 часот при изведување воени вежби...

More Articles Like This