ГО СМЕНИ ИМЕТО, ЗА ПЛАТА ОД14 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ МЕСЕЧНО: Димитров си заминува од Македонијa, му понудиле работа во Америка?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров наскоро ќе ја напушти Македонија и заминува на ново работно место како виш советник и аналитичар во “Брукингс Институтот“ во Вашингтон, дознава Магазин од дипломатски извори.

Оваа понуда за нова кариера во Америка министерот Димитров ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се збори дека делумно помагала во пишувањето на договорот со Грција.

Министерот Димитров веќе остварил и неколку разговори со одговорниот менаџер на овој истражувачко-политички институт, за позицијата, за работните обврски, како и за месечната плата која би му изнесувала околу 12-14.000 долари бруто. Димитров оваа своја бекап опција му ја соопштил и на премиерот Заев на почетокот на март оваа година, откако видел дека дефинитивно тој нема да биде кандидатот на власта за претседател на државата, понуда на која искрено се надевал и ја очекувал после ставањето на својот потпис за “Северна Македонија“ на Преспанскиот договор.

После ваквиот развој на настаните Димитров се почувствувал еднократно искористен и бил разочаран, наведува нашиот извор. Истовремено, министерот Димитров не се чуствувал и најкомотно меѓу своите сонародници во државава заради поларизираната атмосфера која се создаде после потпишувањето на Договорот од Преспа, кој за многу Македонци е спорен и понижувачки.

“Брукингс Институтот“ е невладина тинк-тенк организација сместена во Вашингтон која се занимава со истражување и креирање на политики во делот на американската внатрешна политика, меѓународните односи, економијата и глобалните безбеднocни пpeдизвици кои се во сферата на интересот на Соединетите Американски Држави. Институтот има околу 200 домашни и странски (визитинг) експерти, но важи за поблизок до Демократската партија и во него се ангажирани добар дел на поранешни советници, дипломати и пензионирани генepали кои биле блиски соработници на поранешниот претседател Барак Обама и Хилари Клинтон.

Брукингс институтот е влијателна тинк-тенк организација во Вашингтон, блиска до Демократската партија. Министерот Никола Димитров, според дипломатски извори, веќе го договорил неговиот работен ангажман во Америка, како виш советник за надворешна политика, со месечна плата од 12-14.000 американски долари. Димитров пред десетина дена и лично бил во овој институт во Вашингтон, каде што остварил средби со одговорните за неговото вработување од јуни оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This