ГО „СПАСИ“ СЕЛА И ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Полицаецот што го вадеше Села од Собрание завшри во притвор

  • December 11, 2017

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на полицаецот Абдулфетах Алими.

Тој е обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението, Алими ги дал клучевите од собраниските врати.

Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1. По распитот кај судијата, Алими со комбе бил пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Според видео снимките од крвавите настани, Алими е тој што го спасува пратеникот Зијадин Села од разгневената толпа.

Претходно «
Следно »