ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО И ПРИВЛЕКУВА ПАРИ: Куќата во која се одгледува оваа билка не може да биде сиромашна

  • September 14, 2018

Сојузник во борбата против депресијата, а ви помага и да се ослободите од насобраниот стрес.

Босилекот е билка позната по своите лековити дејства и поради тоа можеби е идеално време да почнете да ја одгледувате во вашиот дом.

Еве 10 причини зошто тоа ќе ви се исплати!

Сојузник во борбата против депресија.

Го чува здравјето а кардиоваскуларен систем.

Ја поттикнува работата на цревата и помага при детоксикација на организмот.

Го подобрува варењето.

Го штити телото од настанокот на дијабетес.

Содржи антиоксиданти кои штитат од појава на болести.

Го регулира стресот.

Поседува антимикробни својства кои штитат од вируси и инфекции.

Одличен афродизијак.

Идеален е во борбата против настанокот на ќелиите на ракот.

Според старите верувања куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна, затоа набавете ја ова била што побрзо. Исто така старите верувања велат дека оној кој наутро ќе консумира малку босилек ќе привлече благосостојба во текот на денот.

Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) e растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.

Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.

Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς – „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.

Претходно «
Следно »