November 30, 2021, 9:33 pm

Го cилyвале и му отceкле прст: Измaчyван, силyвaн и огpaбeн албански бизнисмен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот бизнисмен Назми Чангу бил сексуално малтретиран и му бил отсечен прстот при грабежот на неговиот стан во градот Фуса-Крус.
Чангу рекол дека 10 маскирани лица го врзале при грабежот, кога од станот му биле украдени 8.000 евра и се останато што имало во сефот, вклучително и златото, пренесува албански Политико.
Вкупната вредност на украдените предмети и пари се проценува до 100.000 евра .
Бизнисменот во соопштението за печатот изјави дека бил врзан и силуван од разбојници.
„Ми го отсекоа прстот со ножици“, изјави тој и посочи дека еден од насилниците бил облечен во полициска униформа.
Неговата ќерка изјавила дека мислела дека татко и е мртов кога го видела облеан во крв.

Според „Albanian Daily News“, Чангу рекол дека крадците имале две автоматски пушки и пиштол со пригушувач, пренесува Танјуг.

Latest News

Распишан референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, распиша референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република...

More Articles Like This