ГО TPУE ЛИ НЕКОЈ БОКИ 13: Дали некој сака да го oтpye Бојан Јовановски во зaтвopoт бидејќи премногу знae?

  • October 8, 2019

„Секој човек има право на живот“, вака адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски денес со драматичен призвук ја искоментира влошената здравствена состојба на неговиот клиент кој на носилка беше изнесен од Апелација каде му беа презентирани доказите против него, па со возило на Брзата помош беше префрлен во болница

Бојан Јовановски алијас. Боки 13 е осомничен во најголемата рекетарска афера во историјата на независна Македонија, аферата „Рекет“, во која е обвинет заедно со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Според обвинението тој, заедно со Кичеец и Јанева земале најмалку 1.5 милиони евра рекет од бизнисменот Орце Камчев, но и од други бизнисмени за олеснување на постапката во случајот „Империја“ во која беа обвинети Камчев, Цветин Панделевски, но и други бизнсмени и луѓе од јавниот и политичкиот живот.

Во оваа афера се вмешуваат и лица од највисоките ешалони на власта.

Така на пример, во исказот на Камчев во неколку наврати се споменати имињата на Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, судијката Весна Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков, Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски.

Споменат е и премиерот Зоран Заев кој според исказот ги предупредил Боки и Кичеец дека е започнта истрага.

Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Повеќе за тоа ТУКА:

АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

Уште од самиот почеток на откривање на аферата, српските медиуми пишуваа за наводен список кој се наоѓал кај Боки 13, а на кој биле напишани имињата на сите функционери кои земале дел од рекетарскиот колач.

Тогаш, српските меидуми го цитираа Бојан Јовановски кој со заканувачка порака се обидуваше да си го спаси животот:

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

Оттука се отвара и прашањето, дали Бојан Јовановски е под вистинска закана за неговиот живот во притворот и дали некој можеби го труе, имајќи ги во предвид симптомите на кои постојано се жали и во притворот – за кои информира и неговиот адвокат – но и симптомите кој денес целата јавност ги посведочи за време на исказите во обвинителството.

Боки 13 денес изгуби свест во обвинителството за организиран криминал и корупција, откако во тоалетот обилно повраќал по што загубил свест. Оттаму на носилка, со возило на Брза помош беше префрлен во болница.

-Непријатна сцена се случи, она што се случува последните 40-50 дена откако е приведен. Почна да повраќа и колабираше, и не беше контактибилен. Сега е донесена Брза помош и однесен во Клиничка болница. Има мислење од Клиниката за торакална дека е неопходна хоспитализација и нега за целата здравствена состојба, вели Дуковски.

Неговиот адвокат тврди дека Боки 13 секој втор ден се носи на торакална поради тоа што не може да јаде и повраќа.
А.Митовски

Претходно «
Следно »