ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН: 91 процент од велешани нeзaдoвoлни од неговата работа

  • October 11, 2019

По катастрофалната онлајн анкета за власта спроведена од Макфакс на која што од 6-мина понудени градоначалници од редовите на СДСМ повеќе од 60 проценти од граѓаните порачаа дека не би гласале за ниту еден од нив, уште една поразителна анкета за власта.

На Фејсбук страницата на градот https://www.facebook.com/velesmakedonija/ беше спроведена анкета за тоа колку граѓаните се задоволни од работата на актуелниот градоначланик Аце Коцевски.

Прашањето гласеше „Дали сте задоволни од досегашната работа на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски?“.

Резултатите се поразителни за власта, само 136 граѓани од вкупно 1500 кои гласале се изјасниле дека се задоволни од работата на градоначалникот, а неверојатни 1377 истакнале дека не се задоволни од сработеното. Изразено во проценти, само 9 проценти од граѓаните се задоволни од Коцевски додека 91 процент од велешани не се задоволни од она што тој го има сработено. Анкетата е спроведена во период од 7 дена на Фејсбук.


Фејсбук страната на Велес има над 19 илјади следачи.

Со овие бројќи малку е веројатно дека актуелниот градоначалник ќе добие уште еден мандат, но овие бројќи се уште поголем показател за она што граѓаните го мислат за актуелната власт и падот на довербата кон Зоран Заев и како и локалната власт на СДСМ. Од овие бројќи јасно е зошто тоа Заев не прифаќа предвремени избори пред октомври 2020.

Претходно «
Следно »