ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АНКАРА:Зли духови му помагаат на Ѓулен за да покорува толку многу луѓе

  • July 25, 2016

На прашањето како може Ѓулен, кој од турските власти е обвинет дека стои зад обидот за преврат да контролира толку голем број луѓе, градоначалнкот одговори дека „веројатно исламскиот проповедник ги користи злите духови”

Зли духови му помагаат на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен да покорува толку многу луѓе, изјави градоначалникот на Анкара, Малих Ѓокчек за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк по обидот за пуч во Турција.

На прашањето како може Ѓулен, кој од турските власти е обвинет дека стои зад обидот за преврат да контролира толку голем број луѓе, градоначалнкот одговори дека „веројатно исламскиот проповедник ги користи злите духови”.

– Може да ви звучам смешно, но тој тоа го прави на невообичаен начин. Ги покорува луѓето преку „оние со трите букви“, рече Ѓокчек.

– Познато е дека многу луѓе се покорени, а потоа се спасени. Тој има способност да го прави тоа. Луѓето се хипнотизирани и покорувани, изјави Ѓокчек, кој е градоначалник на Анкара од 1994 година и непоколеблив приврзаник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претходно «
Следно »