ГРАНАТИРАН РУСКИОТ ЦЕНТАР ВО ДАМАСК: Терористите го гранатирале рускиот хуманитарен центар во Дамаск

  • February 20, 2018

Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија соопшти дека бил предмет на масовно гранатирање од страна на илегални вооружени формации. Нема повредени меѓу руските војници

„Денес илегални вооружени формации од Источна Гута гранатираа стамбена населба и хотели во Дамакс, како и Рускиот центар за помирување на завојуваните страни. Постојат значајни разорувања и жртви меѓу цивилите. Меѓу припадниците на руската војска нема повредени“, се истакнува во соопштението на Центарот.

Илегалните вооружени формации шест пати гранатирале стамбена населба во Дамаск, се додава во соопштението на Центарот.

„Ситуацијата во Источна Гута продолжува да се влошува. Во изминатите 24 часа забележено е дека илегалните вооружени формации од Источна Гута шест пати гранатираа цивилни населби во областа на Дамасл. Милитантите испалиле 14 мини. Расте бројот на жртвите и штетите. Ранети се девет цивили“, соопшти Центарот.

Претходно «
Следно »