September 26, 2020, 4:26 pm

ГРАЃАНИТЕ ИСПРАТИЛЕ 144 ТУЖБИ ДО ГРАД СКОПЈЕ: Од 2016.година до сега 144 скопјани каснати од куче

Поврзано

Активни случаи во Скопје: Состојба по општини

Активни случаи по општини Скопје денеска • Чаир – 62 • Гази Баба – 80 • Аеродром – 97 • Карпош...

Протест во Бутел: Единствена општина која нема поликлиника -Граѓаните револтирани, градоначникот го заборавил ветувањето

Со блокирање на главната крстосница жителите на Бутел го изразија своето незадоволство зошто биле единствена општина без поликлиника. Тие велат...

Скопјани пиjaт вoдa co нeпpoмeнeт и виcoк квaлитeт пoвeќe oд 60 гoдини

Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години, покажуват резултатите од извршените анализи од хемиската...
- Advertisement -

144 тужби има во моментов добиено Град Скопје од граѓани кои биле каснати од куче на улица односно на јавна површина, пишува СДК.

„Согласно евиденцијата на Град Скопје од 2016 година до сега, моментално се активни 144 судски предмети со основ надомест на штета настаната како резултат на каснување од куче, од кои 97 предмети се во прв степен пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, а 47 предмети се во жалбена постапка пред Апелациониот суд Скопје. Повеќето тужби завршуваат во полза на граѓаните“, велат од Град Скопје.

Според податоците од Град Скопје во просек годишно сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра. Со тоа од буџетот на Град Скопје годишно околу 100.000 евра се даваат за обесштетување на граѓани од каснато куче.

Секојдневно граѓани се жалат дека се каснати од улични кучиња, а пред еден месец и вработен во Светска банка на кејот на Вардар беше каснат и повреден. Плоштадот Македонија и улица Македонија кои се најчести рути на туристите, се преполни со улични кучиња, но Шилегов вели дека според постојната програма кучињата мора да се вратат онаму од каде што се земени и друго решение нема. Според постојната програма „Улови, стерилизирај, врати“, кучињата се задржуваат во Вардариште 30 дена, а потоа се враќаат на улица од местото од каде што се земени.

Минатиот викенд граѓани од активисти за заштита на животните маршираа и протестираа барајќи хуман третман за уличните кучиња.

Latest News

Состојба по градови: Скопје со скоро 7000 регистрирани случаи на ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е...

Активни случаи во Скопје: Состојба по општини

Активни случаи по општини Скопје денеска • Чаир – 62 • Гази Баба – 80 • Аеродром – 97 • Карпош – 83 • Центар – 91 •...

(Видео) Полицаецот бил претходно нaпaднат: Другата страна од вистината од инцидeнтoт со Ромите во Битола

Инцидeнтот во Битола кој се ширеше низ медиумите и социјалните мрежи последните денови изгледа има и друга страна. Според очевидци, видеото не е целосно,...

Најнови информации: 141 новозаболен, пoчинa едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12,...

Вака се намалува администрацијата: За три години за 300 проценти е зголемена бројката на партиски привремени вработувања

Јавна тајна е дека најголемиот дел од ветувањата на власта се однесуваат на вработувања во администрацијата, па последните податоци за зголемување на бројот на...

More Articles Like This