December 9, 2021, 11:39 am

Граѓаните кoи ги нeмa нa cпиcoкoт зa финaнcиcкa пoмoш мoжaт дa пoднecaт пpигoвop дo дeнec

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите оние кои нема да се пронајдат на списокот за финансиската помош од 6000 денари од четвртиот сет на мерки ќе може да поднесат приговор до денеска 21 декември.

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk се посочува дека дополнително ќе бидат објавени листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители.

Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето „i’m not a robot“, и потоа кликнете на Пребарај.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Latest News

Роамингот низ ЕУ заминува во историјата

Европските граѓани ќе можат да ги користат своите мобилни телефони без прекумерни дополнителни трошоци кога патуваат низ ЕУ, се...

More Articles Like This