December 9, 2021, 8:58 am

Граѓаните не се плашат од минатото, да можат ќе го вратат времето: До тука ви беше, а на 31 сѐ ќе ви биде појасно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искрено да ви кажам ми е жал за низа на генерации кои ги произведе СДСМ кои се задоени со лаги за политичките опоненти меѓу кои и партијата ГРОМ и лично Стевчо Јакимовски.

Задоени со лаги се особено најмладите генерации на оваа партија кои беа најизложени на гебелсовата пропаганда и онаа добро позната поговорка дека илјада пати повторена лага станува вистина.

Овие лаги се длабо врежани во матрицата на СДСМ.

Сега ги гледам по социјалните мрежи хистерично споделуваат како ако се врати Стевчо Јакимовски ќе продолжела бетонизацијата на Карпош?

Кажете едно нешто што сте направиле во изминатите четири години за најголемата скопска општина? Одговорот е ништо!

Јасно ви е дека губите, а евоцирањето на црната кампања и лагите од 2014та па навака како единствен успех нема да ви помогнат. Прочитани сте.

На секој карпошанец кој не е задоен со вашата пропаганда му е јасно колку Стевче Јакимовски направи за општината, ја издигна од пепелот ја урбанизираше, во неа се отвори најголемиот трговски центар во Македонија, просперитет имаше за сите.

Граѓаните не се плашат од минатото, тоа треба да ви е јасно. Напротив граѓаните бараат да се врати времето во кое контејнерите не беа преполни, улиците беа чисти, зградите добиваа фасади, а со општината раководеше човек кој не играше кантер туку имаше решение за секој еден проблем на граѓаните.

Стевче повеќе не е комшијата од вашите клевети и лаги туку комшијата кој го знае цел Карпош човекот кој ја знае секоја улица и сокаче на памет, знае кои се проблемите на секој влез и куќа.
До тука ви беше, а на 31 се ќе ви биде појасно, пишува на Фејсбук советникот во Град Скопје, Александар Трајановски.

Latest News

(Фото) Несекојдневна ситуација: Автомобил падна во езерце во Градски парк

Автомобил „Пежо 206“ паднал во езерце во Градскиот парк во Скопје. Засега не се познати причините за оваа незгода. Фотографиите се...

More Articles Like This