ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА:Комерцијална им наплаќа дебели провизии за сметки во франци и не прифаќа нови штедни влогови во истата валута

Поврзано

НЕМА КРАЈ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО: Владата нè задолжи со дополнителни 700 милиони евра

Седумстотини милиони евра е сумата со која попладнево се задолжи земјава преку издавање на еврообврзница. Алсат дознава дека каматната...

ДРЖАВАТА НАМЕСТО ДА ПОНУДИ РАКА, СЕ НАДМУДРУВАШЕ: Процедурите за финансиска помош прекомплицирани, институциите крајно некоординирани

Благоја Грозданов од Институтот за сметководители вечерва на Телевизија 24 со бројни kpитики кон владата за начинот на носење...

АНГЕЛОВСКИ ТВРДИ: Она што требаше да се исплати како бруто плата се исплаќа во помала вредност

Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК, вечерва во Телевизија 24 истакна дека во моментов угостителскиот сектор преживува и...

Комерцијална банка ги известила своите клиенти дека од први април воведува провизија за штедните влогови во швајцарски франци во висина од 300 до 450 денари на месечно ниво. Во исто време нејзините клиенти добиле информација дека доколку сакаат да прифаќаат нови штедни влогови во истата валута.Надоместокот е воведен на девизни трансакциски сметки

Во Комерцијална банка потврдуваат дека вовеле провизија за сметките во швајцаски франци, а како причина за тоа биле големите трошоци кои ги има банката за оваа валута.

-Банката воведе провизија за водење на девизни трансакциски сметки во ЦХФ- швајцарски франци (која ќе се применува од 01.04.2019 година) и престана со отворање нови штедни влогови во ЦХФ. Ова е како резултат на високите трошоци кои истите ги предизвикуваат за Банката. Имено, согласно пазарните движења, Банката не врши пласирање на овие средства преку кредити или други видови изложеност во валута ЦХФ, при што истите се чуваат во странски банки и предизвикуваат високи трошоци за Банката- велат во Комерцијална банка.

Во меѓувреме граѓаните револтирани од политиката на банката велат дека ги повлеквуаат штедните влогови од банката или ги конвертираат во други валути.

-Деновиве бевме известени од Комерцијална банка дека почнувајќи од 15.02.2019 година, Банката нема да склучува нови договори за девизни штедни влогови на физички лица (по видување и орочени) во валута швајцарски франк (CHF). Во исто време ни најавија дека ќе наплаќаат надоместок на трансакции при уплата и исплата на ефектива на девизни трансакциски сметки и книшки за валута Швајцарски франк (CHF)- вели еден штедач во банката.

Во приватните менувачнициво кои се обративме велат дека деновиве има навалица од муштерии кои ги менуваат франците во други валути.

Актуелно

(Видео) „ЌЕ СИ ЛЕЖАТ“ ИМА ИНДИЦИИ ЗА КРИМИНАЛ: Чулев најави истраги за корупција на носители на јавни функции

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за...

ПАНИКА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Заразена вработена во Агенцијата, била во контакт со повеќе лица

Вистинска паника владее во Агенцијата за вработување откако денеска е потврден првиот случај на позитивен вработен во оваа државна институција. Заразената вработена имала контакт...

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај нас ќе ги надмине првичните...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

Повеќе вести