ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ДОЗНААТ ВИСТИНАТА: Истите „експерти“ кои се гласни за материјалите од „Peкет“, молчеа за „Големото уво“

  • September 13, 2019

Во времето на Заев, Русковска и Кацарска ништо нема да ме зачуди. Кога велам Русковска обвинителство, Кацарска судство мислам на сегашното функционирање на институциите. А и самите рековте сите дека голем број правни експерти се вознемирија кога реков дека имам документи, кои се тие материјали, што се и слично. А истите тие кога беше аферата Големото уво и кога Бранко Црвенковски рече дека му се оставени пред врата никој не реагираше, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Според него чудно е што сите зборат како се доставени до материјалите, а никој не зборува што има во нив за Рекет.

-Материјали доставени од свиркачи се едноставно материјали доставени од свиркачи. Дали се материјали добиени од исказ од предистрага, од истрага и дали се добиени од нелегално поседување материјали е исто, рече Мицкоски укажувајќи дека материјалите се доставени од свирчачи.

Тој посочи дека сега смета оти граѓаните треба да ја дознаат вистината.

Претходно «
Следно »