ГРАЃАНИТЕ ЈА ЗЕМААТ ПРАВДАТА ВО СВОИ РАЦЕ: Кога полицијата е во брак со мафијата, народот сам се брани

  • November 27, 2017

По низата крвави инциденти, насилства, нерешени убиства, секојдневни разбојништва без епилог се чини дека граѓаните одлучуваат правдата да ја земат во свои раце и самите да се заштитат од евентуални насилства и напади.

Таков случај е регистриран и попладнево кога во обид да ограбат менувачница во Кисела Вода, двајца разбојници беа убиени од сопственикот.

Вооружениот инцидент се случил околу 17 часот во менувачницата „Македонија“ лоцирана на булеварот „Борис Трајковски“ во скопска Кисела Вода.

Од МВР информираа дека две непознати лица во обид да извршат разбојништво во менувачница во Кисела Вода попладнево биле убиени од сопственикот на менувачницата, 58-годишниот Г.А. од Скопје.

 

 

Вооружени со пиштол напаѓачите влегле во менувачницата во обид да извршат разбојништво и побарале пари од сопственикот, по што настанала физичка пресметка со Г.А. Во обид да се заштити од разбојниците Г.А. пукал кон напаѓачите кои починале на лице место.

Полицијата се уште го утврдува идентитетот на напаѓачите, не е познато ниту дали двајцата биле сами или можеби некој ги донел и ги чекал во близина. Истрагата треба да даде одговор на овие прашања.

Дел од медиумите веќе објавија дека истата менувачница била ограбена пред неколку години, кога при грабежот со огнено оружје бил ранет и сопственикот.

Неофицијално дознаваме дека сопственикот на менувачницата пред 5 години бил нападнат во истиот објект, кога бил застрелан во нога и останал инвалид. Дали се работи за истите лица, за освета, за нерасчистени сметки или за грабеж засега не се знае.

Голем број коментари на социјалните мрежи се во одбрана и заштита на сопственикот на менувачницата. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека државата не го почитува правото, како и дека сопственикот го заштитувал приватниот имот и сопствениот живот.

 

 

Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција прашаа дали постои Министерство за внатрешни работи и полиција на улиците на Скопје или целиот безбедносен систем е впрегнат во партиската машинерија на СДС за да ги заплашува и дисциплинира политичките противници.

-Наместо превентивно делување, секој викенд се бројат жртвите на криминално-мафијашките пресметки. Оливер Спасовски со неговиот послушник во Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, а по налог на Заев ги оставија нарко-рекетарските банди да дивеат со месеци и не отворија ниту една оперативна обработка. Со месеци Оливер Спасовски и Лазе Велковски замижуваа кога се палеа и кога се пукаше во возила. Замижуваа кога се демолираа локали и кога се рекетираа сопствениците. Ги немаше на улиците кога нарко-бандите го преплавија Скопје со дрога. Со своето неделување тие им дадоа ветар во грб и поддршка на криминалците кои добија толкава моќ што веќе не размислуваат дали да посегнат по оружје и да пукаат пред очите на недолжни минувачи. Сега цехот за ваквиот брак на СДС со криминалот го плаќаат граѓаните. Сите се вознемирени и кога доаѓа викенд се плашат да излезат на улиците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »