ГРЕШКА КОЈА СИТЕ ЈА ПРАВИМЕ: Само во две ситуации оризот треба кратко да се измие и добро да се исчисти!

  • February 26, 2019

Домаќинките некогаш одамна одвојуваа зрно по зрно ориз, а потоа добро го миеја со вода, па после тоа го ставаа да се готви.

Меѓутоа, како што викаат познатите готвачи, тоа не е добар потег бидејќи му се менува вкусот на оризот, но се пере и скробот кој го прави оризот кремаст.

Од друга страна пак ова правило не важи – се советува оризот да се мие кога се купува продавница за здрава храна.

Истотака обавезно да се измие оризот кога е многу бел бидејќи некогаш зрната се мешаат со мелено оризово брашно за да биде производот бел, но е доволно да се измие само еднаш.
Како да сварите совршен ориз?

Ви се случило ли варениот ориз да биде сув или пак да се направи како каша? За совршено варен ориз, потребен ви е добар рецепт и малку знаење за различните сорти на ориз. На рафтовите во маркетите може да најдеме различни сорти на ориз: басмати, ориз со долго зрно, со кратко зрно, интегрален. Важно е дека помеѓу нив има разлики во начинот на подготовка и кога правите некој рецепт, најдобро е да знаете каков ориз ви е потребен. Оризот со кратко зрно содржи многу скроб и при подготовката е мек и леплив. Овој ориз се користи при подготовка на суши и рижото.

Оризот со долго зрно содржи помалку скроб, при варењето е посув и зрната повеќе се делат. Најчесто се користи како прилог во комбинација со сос. Оризот од сортите јасмин и басмати има долги зрна и карактеристичен вкус. Најчесто се користи при подготовка на Индиски и Азиски јадења. Интегралниот ориз може да се сретне со долго и кратко зрно, а во споредба со белиот ориз е многу поздрав. Треба да се знае дека при подготовка на интегрален ориз потребно е двојно.

Претходно «
Следно »