ГРОМ ГИ ДОСТАВИ ЛИСТИТЕ: Граѓанската опција ги достави предлог кандидатите за пратеници!

  • May 11, 2016

Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија акламативно го одобри и го поддржа предлогот на Извршниот одбор и на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски ГРОМ да настапи на претстојните парламентарни избори на 5 јуни со предизборна коалиција со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

grom_osnovacko

На предизборната коалициска листа ГРОМ ќе учествува со четири свои кандидати за пратеници и тоа: Чедомир Саздовски кој доаѓа од Општинската организација ГРОМ – Кисела Вода во Изборната единица 1, Бети Тасевска од О.О ГРОМ- Штип во Изборната единица 3, Панчо Минов од О.О ГРОМ-Кавадарци во Изборната единица 4, и Милка Ѓурковиќ од О.О ГРОМ- Гостивар во Изборната единица 6.

Ова беше констатирано на дванаесеттата седница на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија која вечерва се одржа во Хотелот „Континентал во Скопје и на која присуствуваа претставници од сите општински организации на партијата.

Во својата елаборација пред членовите на Централниот одбор, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, ја образложи детално актуелната политичка состојба во Република Македонија. Меѓудругото, истакна дека ГРОМ како партија, секогаш се залагала за учество на избори и за институционално решавање на проблемите, а не преку бојкот и креирање на хаос во државата, со што се поткопуваат нејзините институции и се загрозува нејзината безбедност.

Претседателот Јакимовски, потенцираше дека ГРОМ во изминатите две години, се позиционираше како респектабилен партнер на политичката сцена во Македонија, изнесувајќи ги аргументирано на прес конференции своите ставови во јавноста за актуелните политички збиднувања.

Во „очи ‘’ на поднесувањето на кандидатските листи за избор на пратеници на изборите на 5. јуни, лидерот на ГРОМ му предложи на Централниот одбор, предизборно коалициско учество на претстојните избори со заедничка изборна листа со ВМРО-ДПМНЕ и останатите коалициски партнери. Овој предлог, тој го образложи со континуираната политика на ГРОМ во изминатиот период за поддршка на владејачката коалиција, и како логичен след на настаните, продлабочување на политичката соработка со оваа коалиција.

На крајот од оваа седница, се донесе заклучок дека ГРОМ како политичка партија и во наредниот период ќе работи на свое зацврстување и окрупнување на македонската политичка сцена, со што би се позиционирала како битен фактор во политичкиот живот на Република Македонија.

Претходно «
Следно »