ГРОМ ПРЕДУПРЕДУВА: Потпишувањето на штетен договор со Бугарија,набрзина,без широк научен и политички консензус, ќе предизвика дополнителни конфронтации во зовриената македонска политичка сцена

Поврзано

ЃОРЃИЕВСКИ: На Заев не му одговара да има реформи во судството бидејќи нема да може да врши рекет и да договара тендери во четири...

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа...

ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ: СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки во Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа...

ПОЛИТИКИТЕ НА ВЛАСТА НЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: Мора комплетно да се смени стратегијата за справување со коронавирусот

Комплетно треба да се смени стратегијата бидејќи видовме дека политиките што се спроведуваат не даваат резултат, рече доктор Игор...

Поттикнат од неодамнешните превирања на дипломатски план помеѓу Македонија и Бугарија, денеска, потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов одржа прес конференција за медиумите, цврсто истакнувајќи го ставот на својата партија.

,,Очигледно дека притисокот од јавноста и политичките партии за договорот за добрососедство со Бугарија не можеа да го издржат ниту Зоран Заев ниту МАНУ. Како одговорија на притисокот? Со пиење кафе.Се прашуваме каков е овој премиер? На кафе ќе ги решел ситниците од договорот со Бојко Борисов, на кафе-муабет во МАНУ ќе ги замолчи академиците“ – посочи Пренџов.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити вчера јасно кажа дека од страна на Заев ништо не им било соопштено, туку тие едноставно, само пиеле „заедничко кафе“.

,,Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити веќе обзнани дека заеднички си го чествувале со Бугарите Св. „Кирил и Методиј“. Како тоа г-не Фити за чествувањето на св. Кирил и Методиј одлучувате само вие експертите, а за заедничко чествување на Илинден ќе ви одлучуваат политичарите и вие ќе ја замајувате јавноста дека не знаете за што се работи. Ако не знаете други делови од договорот, знаете дека Заев и Борисов имаат намера да го чествуваат заедно Илинден. Зошто за ова молчите?“ – прашува потпретседателот на ГРОМ , Љупчо Пренџов.

Тој додава дека на Зоран Заев и на СДС им се полни устите со тоа, дека ќе имало дебати.

,,За три недели е Илинден. Нема ни Д од дебата, но затоа Бојко Борисов се однесува одговорно кон својата нација.Тој веќе уште на 5-ти Јули го доставил договорот до комисијата за надворешни работи во бугарскиот Парламент“ – вели Пренџов.

Според него, тоа значи дека договорот е готов, штом пратениците во бугарскиот Парламент веќе го разгледуваат.

,,Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов вчера во својата изјава јасно кажа дека преговорите со Република Македонија за склучување на договорот се водат интензивно од 2008 година, при што, до овој момент имало 11 експерски средби. Борисов исто така истакна, дека било која бугарска Влада да преговара со Македонија, тие од своите ставови не отстапуваат “– додава потпретседателот Пренџов.

Граѓанската опција за Македонија се запрашува, со кое право Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев ќе прави отстапки, откако и дефакто, претходно ги изгуби парламентарните избори.

,,Вакви договори кои задираат во темелите на македонското национално постоење, далеку од очите на јавноста, не може да ги потпишува партија и премиер кои ги изгубиле парламентарните избори.ГРОМ предупредува дека потпишувањето на ваков битен договор, набрзина, во сред лето за време на годишни одмори од страна на „сезнајкото“ Заев, без широк научен и политички консензус, ќе предизвика дополнителни конфронтации во и онака зовриената политичка сцена во РМ.Одговорноста за нестабилноста во РМ ќе си ја сноси Зоран Заев и неговите погрешни политики “– истакна Љупчо Пренџов.

Актуелно

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

ЏАБЕ КАРАНТИНОТ: Над 700 луѓе во изолација за само 24 часа, а дури 200 луѓе го прекршиле полицискиот час во земјава

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале...

СЗО ГИ СМЕНИ НАСОКИТЕ: Маските да се носат задолжително и тоа да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Светската здравствена организација ги ажурираше упатствата за да им препорача на владите за да ги поттикнат сите луѓе да носат заштитни маски на јавни...

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово 26 - Дебар 1 - Штип 15 -...

Повеќе вести