ГРОМ РЕАГИРАШЕ НА ПОВИЦИТЕ ЗА ГЛАСАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ: Со индигнација го отфрла вчерашниот повик да излеземе на референдумот и да гласаме „ЗА“ од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи

  • September 13, 2018

Партијата ГРОМ го осуди мешањето на странски дипломати и државници во внатрешните работи на државата. Од таму го посочија последниот пример кога при посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи кога тој ги повика македонските гласачи да излезат и гласаат ,,за” на референдумот на 30-ти септември.

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, со индигнација го отфрла вчерашниот повик да излеземе на референдумот и да гласаме „ЗА“ од страна на косоивскиот претседател Хашим Тачи.

Сметаме дека е врв на политичкиот дилентатизам на оваа власт и цинизам од највисок степен, према македонскиот народ да се повика претседателот на нашиот северен сосед кој не си ги решил проблемите во неговата држава, а доаѓа да ни соли памет на нас во Македонија. Кога господинот, Хашим Тачи ќе ја спроведе резулуцијата 12/44 на Обединетите Нации и кога ќе го имплементира Бриселскиот договор, веројатно ќе има повеќе морален кредибилитет да ни дава сугестии на нас како соседи.

Одттаму, ГРОМ го советува господинот Хашим Тачи прво да дозволи форимирање заедница на српски општини на Косово, да потпише договор со претседателот на Република Србија, Вучиќ, и врз основа на такво стекнато искуство да бере грижа за Република Македонија.

До тогаш неговите сугестии, колку и да се добронамерни, ГРОМ ќе ги смета за совети дадени од некомпетентна личност, се вели во соопштението на ГРОМ.

Претходно «
Следно »