ГРОМ Струмица:Господинот „чесен“ што нуди „живот“ ниту ја живее, ниту ја гледа живеачката кај народот

Поврзано

ЈАНУШЕВ: Нека одговори Заев или нека покаже каде прочитал дека СЗО вели дека новиот бpaн на кoрoнa ќе биде август или септември?

Нека одговори Заев или нека покаже каде прочитал дека СЗО вели дека новиот бран на корона ќе биде август...

РУСКОВСКА: “Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели”

Денеска на рочиштето на „Рекет“, обвинителството, односнот Вилма Русковска ги искажува завршните зборови за случајот. Таа уште еднаш напомена...

МИЦКОСКИ: Третиот пакет мepки не може да се испорача, зборуваат за пари кои не можат да ги исплатат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизијата Клан Македонија, истакна дека третиот пакет мерки на Владата...

Господинот „чесен“ што нуди „живот“ ама само за себе и мала група блиски сопартијци околу себе, „трул капиталист“ и голем земјопоседник упорно „плаче“ по средната класа и за сиромаштијата. Се разбира тоа му е мислена именка, која само од време на време ќе ја прочита некаде. Зашто, ниту ја живее, ниту ја гледа нивната живеачка. Посебно не, од плажите на Канистрас, истакна на прес-конференција на претседателот на ОО ГРОМ Струмица, Сашо Милковски.

grom-1-640x328

Во продолжение следува интегрален текст.

Овој „лев капиталист“ ни остана должен неколку прашања и тоа за:

1. Како господинот Зоран Заев ни продава „весела математика“ во врска со повратот на ДДВ и ( од каде само ќе ја финансира државата?!), кога знаеме дека тој не е по давањето, туку по земањето. Од математички функции знае само собирање и одземање.
-Кога се учело делење не одел на часови. Ако делел не би имал капитал од 40 милиони евра!.

2. Лидер кој многу милува да гледа квизови. Најомилен му е „Како да станеш милионер“ па ги употребува сите џокери. „Повикај го пријателот“, 50; 50… Едно евро за црквата едно евро за мене. Парите кај Вицето.
Ние бандити, него го фаќаат на снимки како бара мито. Чудна работа?!

3. Да го потсетиме и за фамозното „бело ливче“ кое една година го одмолчува и зашто барал 250.000 евра. Во Струмица и струмичко, тендерот за управување со цврст отпад го доби австриската фирма Аса Интернешнл. Дали е вистина дека Заев од лидерот на ГРОМ Јакимовски побарал 250 000 евра за таа фирма и формално да „мине“ на тендерот?

4. Дали следниот пат дошол со ливче на кое пишувало 50.000 евра за изградба на црквата, 50.000 евра за спортот во Струмица, 50.000 евра за културата и 100.000 евра за него лично, за да купува ромски гласови во Струмица?

5. Но, затоа ни ветува албански јазик во Струмица, двосменско работење на администрацијата (за да ги довработи своите кадри), закани со отпуштања и конфискации. Ако не биде по негово се знае, ќе тепа, а може и живи луѓе ќе јаде?! Палењето автомобили му е само попатна, предупредувачка работа?! А за да се забошоти тој случај, сега режираат и крим филмчиња во турско маало во Струмица. Главно нешто да се гледа и да плаши народ.
Ако е ова „животот и светот“ на господинот Заев, фала не сакаме.

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...

Повеќе вести