ГРОМ: Aнтикopyпциcкaтa koмиcиja дa oтвopи пpeдмeт зa пapтиcкитe злoyпoтpeби пpи вpaбoтyвaњeтo нa coпpyгaтa нa Ненад Јовановиќ

Поврзано

- Advertisement -

Во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5, Ненад Јовановиќ познат како бескомпромисен поддржувач на владеачката гарнитура ја кажа вистината за партизираната држава.

Имено тој објасни дека за вработување на неговата сопруга побарал помош од Општинската организација на СДСМ Кавадарци и истата потоа му ја вработиле во ХЕЦ Тиквеш.

Ова јасно покажува дека поддржувачите на власта и на СДСМ, услугите за себе и своите семејства не ги бараат од институциите на државата туку од СДСМ.

Ненад Јовановиќ наместо да побара помош за вработување на неговата сопруга од Агенцијата за вработување, подрачна единица Кавадарци тој тоа го сторил кај партискиот огранок на партијата на власт.
Значи привилегија за вработување од евидентирани 250 илјади невработени имаат само оние кои се блиски до власта.

Со ова Ненад Јовановиќ јасно и недвосмислено потврди дека Македонија е партиски заробена држава и дека институциите постојат формално, а партијата на власт СДСМ е таа која што е над сите.

Од Антикорупциската комисија бараме да отвори предмет за партиските злоупотреби при вработување на сопругата на Ненад Јовановиќ. – Стои во соопштението на „ГРОМ“.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This