ГРУБИ: ВМРО-ДПМНЕ требаат први да го напишат името на партијата на албански

  • January 15, 2019

ВМРО-ДПМНЕ треба да се првите кои ќе го напишат и преведат името на партијата на албански посочи пратеникот на ДУИ, Артан Груби на првата своја прес конференција по објавата на за Законот за двојазичност во Службен весник.

„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ еспоред законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.

Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.

Претходно «
Следно »