ГРУБИ: Идејата на Али Ахмети се реализира, земаме што повеќе позиции во државата

  • April 3, 2019

На овој начин го надминавме проблемот со минимизирањето и мapгинализирањето на албанскиот глас и го факторизиравме секој албански гласач преку принципот на консензуалност, бидејќи за ништо во оваа држава не може да се одлучува со надгласување и со мајоризирање, потенцира Артан Груби.

 

–Особено преку помирување меѓу македонската и албанската заедница и посебно меѓу двете партии кои го носат легитимитетот кај соодветните граѓани. Оваа идеја во 2014 година се претвори во концепт. Дали триумфираше? Не. Затоа што во 2014 само го посадивме семето за да жнееме денес. Во 2014 година, немаше спремност ниту кај ВМРО ниту кај СДСМ за идејата која ни се претвори во концепт, која денес веќе се претвори во проект. Овој концепт на Албанците, ако се сеќавате, во 2014 година, 92 проценти од албанските гласачи ја поздравија идејата на господинот Ахмети за консензуалност, за консензуален претседател, истакна Груби.

Груби вели дека тогаш мал бил бројот на Албанци кои излегле да гласаат. Кандидат го имаа Илјаз Халими на ДПА, кој одвај успеа да освои 10.000.

-Албанците на плебисцитен начин се определија поздравувајќи ги идејата и концептот на господинот Али Ахмети, кој денес веќе во 2019 година гледаме дека се претворил во проект кој се реализира. И заслугите за реализирање на овој проект ви пришаѓаат токму вам, затоа што поверувавте во 2014 година за да дојдеме до реализација на проектот во 2019 година. Проект кој ни донесе министеер за Одбрана, ни донесе министер за Внатрешни работи, ни донесе Државен правобранител, ни донесе Народен правобранител, ни донесе Претседател на Собранието. Зошто утре да не ни донесе минирет за Надворешни работи, зошто да не ни донесе Премиер, Претседател на државата, државен Гувернер. –И ова посадено семе, како што би го насадил и Абдул Фрашери 1878 во Призрен, се посади од господинот Ахмети на конгресот на партијата кога побара една од 13-те клучни позиции во оваа држава. И не земавме само една. Само до сега имаме земено шест. Ќе ги земеме и другите. Затоа што овие политики, овие идеи, овие концепти кои се претвораат во идеи се визионерски, плодоносни и се реални, завршува тој.

Претходно «
Следно »