ГРУБИ ПОТВРДИ ДЕКА СДСМ ГО ПРИФАТИЛЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ И ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: Зоран Заев и СДСМ прифатиле секакви условувања и уцени само за да дојдат на власт

  • April 6, 2017

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби вчера и официјално потврди дека ДУИ со своите 10 пратеници, а не мнозинството Македонци, одлучуваат во земјава кој ќе биде на власт, а кој опозиција.

grubi

Зоран Заев и СДСМ во целата ситуација се само безгласни букви и послушници кои прифаќаат какви било условувања и уцени само за да дојдат на власт.

Груби вчера во емисијата „Топ Тема“ потенцираше дека тоа што било разговарано и договарано со ВМРО-ДПМНЕ, не ги задоволувало апетитите на Албанците и не водело кон реализација на барањата на Тиранската платформа.

Од друга страна пак, со СДСМ, како што беше неодамна нагласено, постигната е согласност за законот за јазици, но и останатите елементи од платформата.

-Ние сме разговарале со ВМРО-ДПМНЕ околу сите отворени прашања кои денеска се дебатираат и во Собранието и во јавноста. Од првата до последната точка. Тоа што го разговаравме со ВМРО-ДПМНЕ на многу неконвенционални преговори затоа што немавме ни типични преговори, се сеќавате господинот Груевски го доби мандатот и ние 10 дена немавме ниту еден состанок. Првиот состанок кој го имавме беше истовремено и со Груевски, а после тоа и со Заев. Значи имавме размена на мислења околу сите отворени точки, вклучувајќи ги и точките од декларацијата. Тоа што успеавме некако да дојдеме до заеднички производ се оцени како недоволен на 29 јануари и затоа одлучивме да го испратиме Никола Груевски во политичка пензија и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, истакна Груби.

Претходно «
Следно »