October 16, 2021, 10:54 pm

Груби: Cпopoт со Бугарија може да се peши само ако гледаме во иднината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Артан Груби вицепремиер и министерот за политички систем и односи со заедниците во емисијата 24 анализа рече дека се надева оти ќе се изнајде решение со помош на партнерите во Брисел и Вашингтон за да се откочи процесот со Бугарија. Груби истакна дека нема да има нови предлози за измена и дополнување, туку за имплементирање на Добрососедскиот договор.

– Португалскиот предлог го предложивме, рековме дека е добар во основа за решавање на спорот, а Бугарија го дочека на нож. Денешниот наш предлог е дека сè работи за обид за адресирање на нивната загриженост по однос на позициите на Македонија кон соседот и апсурдно е дека Македонија би имала било какви територијални претензии кон Бугарија – рече Груби.

Вицепремиерот потенцираше дека апсурдно е да се спори идентитетот на која било заедница и целосно се солидаризира со Македонците околу тоа прашање. Тоа не е во духот на европската солидарност и смета дека треба да се остане на Добрососедскиот договор.

– Не може денешни спорови да се решаваат со начин на размислување од 18-ти или 19-ти век, зошто сме веќе во 21-ви век. Спорот може да се реши само ако гледаме во иднината – рече Груби

Latest News

Новинарската екипа на Инфомакс на ургентен

Екипата на Инфомакс која во текот на оваа вечер беше нападната во Прилеп пред штабот на СДСМ заврши на...

More Articles Like This