October 24, 2021, 5:30 am

Груевски: Власта, понесена од потребата за дефоkус на јавноста, шири лaжни вести дека сум бил пpeтепан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, на социјалните мрежи реагираше на веста која ја објавија неколку портали, според кои, тој бил нападнат во Будимпешта.
„Продолжуваат лагите, конструкциите и манипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат. Пред малку ми јавија дека некој портал објавил лажна вест дека сум бил физички нападнат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа. Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам. Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи.
Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива.
Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат.
Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија. Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка.
На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, манипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.
На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата, реагира Груевски.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This