Груевски: Во 2008 и во 2014 и без ДУИ и без ни­ед­на дру­га ал­бан­ска пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ мо­же­ше да фор­ми­ра вла­да

  • January 9, 2017

По­ме­ѓу ал­бан­ски­те пар­тии се кре­и­ра за­ед­нич­ка плат­фор­ма за нас­тап. Се соз­да­ва ат­мос­фе­ра овој пат да не ко­а­ли­ра­ат со ВМРО-ДПМНЕ.

gruevski-orban4
-Да, пов­тор­но таа ат­мос­фе­ра ка­ко и во ми­на­то­то и се­га се соз­да­ва од ме­ди­у­ми­те и ли­ца­та што во­дат или при­па­ѓа­ат или се со­ра­бот­ни­ци на НВО фи­нан­си­ра­ни од Ин­сти­ту­тот от­во­ре­но оп­ште­ство. Вме­шу­ва­ње­то на не­кои стран­ски по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти во при­каз­на­та е дел од ис­та­та опе­ра­ци­ја, во­де­на од еден цен­тар. Се­пак, од­лу­ка­та ќе би­де на­ша, на ДУИ и на дру­ги­те пар­тии, и ни­кој не­ма пра­во да ка­же де­ка не­кој друг му су­ге­ри­рал или му вр­шел при­ти­сок за­тоа што на кра­јот фи­нал­на­та од­лу­ка е на­ша.

Мно­гу ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри и ана­ли­ти­ча­ри твр­дат де­ка ал­бан­ски­от елек­то­рат по­са­ку­ва вла­да во­де­на од СДСМ со ал­бан­ски­те пар­тии?

-Во 2008 го­ди­на ма­ке­дон­ски­от елек­то­рат, осо­бе­но вмров­ски­от, не са­ка­ше ко­а­ли­ци­ја на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се слу­чи нај­мно­гу за­тоа што Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја са­каа ДУИ да ги зас­та­пу­ва во вла­да­та…

Но овој пат и ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми се на ист став?

-Да, ис­то ка­ко во 2008 кај ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми.

Ве­лат и членс­тво­то на ДУИ не са­ка ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ?

-Не знам да­ли та­ка раз­мис­лу­ва членс­тво­то на ДУИ, но знам ка­ко раз­мис­лу­ва­ше членс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па до­не­ка­де и во 2011 и 2014. Се­пак, ВМРО-ДПМНЕ то­гаш од­лу­чи да ко­а­ли­ра со ДУИ за­тоа што бе­ше очиг­лед­но од из­бо­ри­те де­ка мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни Ал­бан­ци са­ка­ат ДУИ да е во вла­да­та.

Но не бе­ше та­ка во 2006?

-Во 2006 не мо­же­ше ни да би­де по­и­на­ку би­деј­ќи не са­мо што во­оп­што не се поз­на­вав­ме, ту­ку с` уш­те беа све­жи на­ши­те спро­тив­ста­ве­нос­ти од вре­ме­то на кон­флик­тот во 2001 го­ди­на, ко­га бев­ме на две спро­тив­ни за­во­ју­ва­ни стра­ни. Се­пак, и ние по­ли­ти­ча­ри­те, но по­доц­на и на­ши­те елек­то­ра­ти нај­дов­ме си­ла да ги над­ми­не­ме тие пре­диз­ви­ци.

Се­пак, ДУИ се­га мо­же да до­не­се по­и­нак­ва од­лу­ка?

-ДУИ има пра­во да до­не­се как­ва са­ка од­лу­ка. Ис­то ка­ко и ние.

Са­ка­те да ка­же­те де­ка во ид­ни­на не би ко­а­ли­ра­ле со нив ако се­га до­не­сат од­лу­ка да не одат во ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ ка­ко пар­ти­ја ко­ја до­би нај­мно­гу гла­со­ви и пра­те­ни­ци?

-Мис­лев ге­не­рал­но де­ка се­кој си но­си од­лу­ка са­ми­от, но ако са­ка­те ќе од­го­во­рам и на ова пра­ша­ње. Ако се­га ДУИ оти­де во ко­а­ли­ци­ја со вто­ра­та на­мес­то со пр­ва­та пар­ти­ја, со по­ра­зе­ни­от на­мес­то со по­бед­ни­кот, се­ка­ко де­ка тоа ќе зна­чи ут­вр­ду­ва­ње на ед­на но­ва прак­ти­ка и тра­ди­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, на ко­ја ние се­ка­ко ќе се прис­по­со­би­ме, не са­мо се­га, ту­ку и во ид­ни­на.

Зна­чи, ако се­га ДУИ не ко­а­ли­ра со ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­ник, на след­ни­те из­бо­ри ако по­бе­ди­те, не­ма да би­дат дел од вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја?

-Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та.

Што ако СДСМ се­га им по­ну­ди по­доб­ри ус­ло­ви за ко­а­ли­ра­ње?

-По­ра­зе­ни­от обич­но ну­ди по­доб­ри ус­ло­ви. По­и­на­ку не мо­же ни да би­де. Во 2008 и во 2014 и без ДУИ и без ни­ед­на дру­га ал­бан­ска пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ мо­же­ше да фор­ми­ра вла­да. Пра­ша­ње­то е да­ли ќе пос­та­пу­ва­ме по прин­ци­пи­те што до вче­ра ДУИ ги за­го­ва­ра­ше јав­но или ќе ги сме­ни­ме. Ние сме под­гот­ве­ни за две­те ва­ри­јан­ти. Но, не са­мо на овие из­бо­ри, ту­ку и во ид­ни­на.

Претходно «
Следно »