ГРУЕВСКИ ДО СУДИЈАТА СТАВРЕВ:Дали сте под некој притисок, судија?

  • March 16, 2018

Во судот се забрзува постапката по случајот ТНТ. Судијата Огнен Ставрев ја забрзува постапката со прескокнување на 25 страници од доказната постапка. Одбраната реагираше на ваквиот однос на судијата со образложение дека ова е целосно изненадување за нив бидејќи не се подготвени за преслушување на снимките, ниту им е определен технички советник за аудиоснимките.

Одбраната и обвинетите истакнаа дека од увидот на списите и цедеата што им беа презентирани голем број документи недостасуваат. Тие посочија дека се работи за нелегална градба едно ниво пониско за да се изградат 198 паркинг места. Направени се измени во градбата без да се почитува првобитниот проект доставен во општината. Десетици пресуди потврдуваат дека тој објект е дивоградба.

Одбраната го повтори фактот дека вештачењето е политички мотивирано и е направено од политички опонент, кој е архитект, а не градежен инженер, што го прави нестручен да прави геодетско вештачење.

На рочиштето беше посочено дека главниот мотив за подигање на Космос на 1 ниво пониско е од финансиски причини, а на инвеститорот му овозможувал заштеда од 1.250.000 евра. Обвинетиот Миле Јанакиевски истакна дека во постапката ќе докаже дека инвеститорот барал политичка заштита, односно да го прекршат законот и да се направи кривично дело за кое потоа требало да одговара за тоа.

Никола Груевски, кој исто така е обвинет во случајот ТНТ покренат од СЈО го повтори ставот дека се работи за политичко монтирани процеси и прогони, како и за другите случаи.
– Јас сум поттикнувач на поттикнувачот кој поттикнал поттикнувач што е апсурд. Во овој судски процес Апелациониот суд беше притиснат да ги прифати снимките како доказ кои се прибавени на незаконски начин. Ова е спротивно на чл 12 став 2 од законот на Р.М, а незаконски е и во целиот свет. Може некого да сакате да мразите да сте му лут да се согласувате или не, но тука се работи за правна постапка. Дали градбата е законска или не. Клучни се реалните состојби и факти. Постапката на рушење на дивоградбата е чиста како солза. Инвеститорот свесно влегол во изградба на таков објект сметајќи на политичка заштита и роднинска преку медиумски притисок. Но тој не предвидел дека политичката гарнитура што ја предводев работеше исклучиво по закон. Дури и да сме биле подгорвени на политички договарања не постои правна и законска рамка да му излеземе во пресрет на инвеститорот. И да сме сакале не сме можеле а да не го прекршиме законот. Со 18 судски пресуди докажано е дека инвеститорот го прекршил законот. Со пресуда од 2011 година е утврдено дека инвеститорот нема основ да бара оштета. Ова е политички судски процес со цел да се елиминира мојата партија, а да се постави друга поврзано со редефинирање на државата која веќе граѓаните ја гледаат– истакна Груевски.

Груевски повторно реагираше за времето колку траат судските рочишта, и за тоа што во суд се одвиваат по цели денови.

– Зошто не е така за сите. Дали сте под некој притисок, судија? За кого вака се прави? За убиства и тероризам не сте суделе по цели денови. Скоро никогаш немало судења по работното време. А сосема другата замерка ми е зошто прифативте докази од незаконски прислушувани материјали, посочи Груевски.

Претходно «
Следно »