ГРУЕВСКИ: Дури 400 милиони евра за капитални инвестиции во патната инфраструктура

  • October 22, 2016

400 милиони евра се предвидени и ќе бидат инвестирани следната година за капитални инвестиции, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gruevski2210-1

Тој потенцира дека една од трајните нивни заложби останува вложувањето во подобра инфраструктура.

320 милиони од вкупната сума ќе бидат инвестирани за патишта – автопати, експресни патишта, регионални, магистрални и локални.

gruevski2210-2

Ова според Груевски е рекорден износ кој се инвестира за капитални инвестиции и е силен допринос во патната инфраструктура.

Автопатот Демир Капија-Смоквица треба да биде целосно готов следната година. Ќе продолжи и градбата на автопатите Скопје-Штип, Охрид-Кичево.

Се работи и на регионалните патишта и изградбата на експресните патишта во нашата земја.

Претходно «
Следно »