ГРУЕВСКИ: Заев знае дека ако имаше избори неговата политичка кариера ќе завршеше

  • May 25, 2016

Заев реално добро знае во каква каша ја доведе и земјата и себеси. Се надева на тоа дека тој што го донесе дотука и ќе го извлече. Тој знае дека не само што не сме готови, туку ако излезеше на избори сега, тој ќе беше готов како политичар. Ќе ја завршеше политичката кариера. Тоа едвај го чекаат многумина во СДСМ кои имаат подобра политичка процена, дека со него на чело, освен правење штета, не може да се дојде на власт. Сега, со одлагање на изборите малку му олесна. Купи малку време за правење нови пакости и манипулации.

gruevski_za_intervju_-_01

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.

-Откако не успеа операцијата со т.н. „бомби“ да го смени јавното мислење, сега последна надеж му е специјалното јавно обвинителство. И тука да бидам јасен. Ние ја поддржуваме институцијата СЈО. Затоа и гласавме за неа. Ние поддржуваме идеја за независно тело во кое веруваат и опозицијата и меѓународниот фактор, да ги истражи работите докрај со кои Заев лани се обиде да нè прикаже во друго светло од она кое сме реално. Сакаме докрај да се расчистат работите, затоа што знаеме дека сме невини по обвинувањата што ни ги препиша претседателот на СДСМ со неговата валкана операција за која јасно ми кажа дека му ја обезбедила некоја странска разузнавачка служба. Нешто што го виде и слушна цела Македонија, потенцираше претседателот на ВМРО-ДМНЕ.

Но луѓето, додаде Груевски, во ова тело во изминатите 6 месеци покажаа премногу слабости и премногу непрофесионално однесување за да не ја изразиме нашата разочараност и загриженост.

-Ние сме мала земја, мал главен град, секој некако за секого брзо дознава како се однесува и какви намери има. За жал, професионален однос, непристрасен пристап, непартиска институција, пресумција на невиност, еднаков пристап кон сите и други такви правични и професионални стандарди, ние не гледаме кај повеќето од тие луѓе и всушност гледаме сè обратно од ова.

Претходно «
Следно »

loading…