ГРУЕВСКИ ЗА СРПСКИ ,,ТЕЛЕГРАФ“: Македонија е на нозе, ако Заев не ја отфрли платформата, никој не може да предвиди како народот ќе реагира

Поврзано

НAПЛИB ОД ПAЦИEНТИ СО KOВИД-19 ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Cекоја вечер возилата на Итнa медицинска помош носат по десетина пaциeнти

Секоја ноќ по 10 до 12 пациенти со Ковид-19 завршуваат во ГОБ„8 септември“. Така е цела седмица. Напливот од...

РОКОТ ИСТЕКУВА УТРЕ: Граѓаните уште утре имаат рок да ги потврдат или коригираат дaнoчнитe пријави

Утре истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа...

(ФОТО) ИНCПEКЦИИТE СПИЈАТ: Парапетчето во Градиште „воскресна”

Продолжува да се гради објектот во заштитената зона на Охридското езеро во автокампот Градиште. Вистинските сопственици на имотот кој по...

Протестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за Телеграф.рс , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто за Телеграф.рс говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и ситуацијата во регионот.

gr-tele

Груевски ситуацијата ја опишува како тензична и неизвесна. Објаснува дека тешко може да се очекува било што друго освен протести на граѓаните, кога како што вели, одите спротивно од нивната волја, спроведувајќи сценарио за потполно редифинирање на државата и комплетна промена на нејзиниот концепт и минато, но и со изборни измами.

За жал, минативе месеци тоа се случува во континуитет. Граѓаните својата поддршка на предвремените избори ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, составена од 25 партии од сите етнички заедници – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати. Граѓаните се одлучија за нашата програма и проектите кои ги нудевме. Тие му го свртеа грбот на Зоран Заев и СДСМ, иако тој најавуваше убедлива победа на изборите, вели Никола Груевски.

Тој кажа дека народот застанал на страна на неговата партија и коалицијата и покрај огромната финансиска и логистичка помош која Зоран Заев ја добивал од организацијата и логистиката на Сорос и странските центри.

Сега повеќето граѓани кои гласаа за нас се чувствуваат изневерени. Поради одлуката на ДУИ да оди во коалиција со СДСМ, граѓаните се револтирани затоа што не се почитува волјата на повеќето Македонци. Партијата која победила во условно кажаниот македонски блок, партијата која има поддрка од мнозинството за реализација на програмата која беше понудена на изборите, сега е оневозможена во тоа поради одлуката на партијата победник во албанскиот блок, напоменува Груевски.

Смета дека со тоа создава еден опасен преседан, чиј главен столб би бил продажба и непринципиелна трговија со интересите на државата.

Заев им ветуваше мед и млеко на изборите, од ракав вадеше ветувања за се и сешто, за да сега после изборите им соопшти дека прифаќа платформа креирана во соседна држава со која треба да се направи комплетно редефинирање на земјата. Од мултиетничка и граѓанска држава да стане бинационална, двојазична и од унитарна да се приближи на федерална. Круна на сето тоа треба да е промена на името и идентитетот по пример на нашиот јужен сосед, вели Груевски.

На прашањето на дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.

Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси, додава Груевски.

Груевски вели дека срамно и недостоинствено кога се тргува со нешто за што се бореле и гинеле предците.

-Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе сфати пораката и ќе го послуша народот. Доколку тие тоа го одбијат исплашени поради уцени и ако се одлучат за Тиранска влада наместо одбивање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива ситуацијата, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките противници Груевски го обвинуваат дека стои позади граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и протестите. Тој вели дека со тоа му прават чест, но дека тие тврдења не се точни.

-Се работи за една лага на СДСМ, која секогаш имала да проблем сфати дека народот е мудар и дека не можеш да го излажеш. За нив постојат само луѓе кои за пари би одработиле протести како што се случуваше во т.н. Шарена револуција. Затоа не можат да сфатат и да видат кога имаме автохтон револт на граѓаните. Во Македонија се раѓа една нова светлост на автентично делување на народот соочен со предизвикот на својата генерација, и тука не се потребни партии или поединци, затоа што идејата е главна водилка помоќна од партијата и лидерот. Ова што од ден во ден го гледаме е јасен сигнал дека народот ја отфрла политиката на Заев и се ова што се случува во Македонија,  вели Груевски.

Груевски во интервјуто уште еднаш повторува зошто „Тиранската платформа“ не е прифатлива за него и неговата партија. Основна причина е како што вели е што е припремена во Тирана.

-Како што признаа од партијата Беса, Платформата ја припремиле од албанската влада, а потпишана е под патронат на Еди Рама. Потполно е неприфатливо е акт на туѓа држава да биде основен документ по кој ќе се формира идната владина коалиција, напоменува Груевски во интервјуто.

Тој смета дека платформата се коси со Уставот и основните начела по кој е конституирана Македонија и води кон раздор во државата.

-Со воведувањето двојазичност и условувањето да се реши прашањето околу името во најкраток пожен рок потполно се чепка во идентитетот на Македонија. Се влегува во една опасна авантура која ќе има одговарачки чекори. Следи кантонизација и федерализација, а инспираторот на ова црно сценарио веројатно очекува потполно распаѓање на државата во финалната фаза. Тоа сигурно ќе доведе и до регионални предизвици, кажа Груевски.

 

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести