ГРУЕВСКИ ЗА ТВ НОВА: Германската инвестиција ќе рестартира затворена фабрика во транзицијата

Поврзано

Николоски: Заев ќе изгyби и во ИЕ 4 и во неговата Струмица, затоа што само ги лaже граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4, вечерва гостуваше на телевизија...

Николоски: СДСМ работи со и за зeлената мафија, наместо за народот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4, вечерва гостуваше на телевизија...

Здравството на колена: Во кичевката болница ниту еден инфeктолог, додека Филипче се шета во Охрид

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал....

Германската компанија „СТС Текстајлс“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на нововработени ќе се искачи до 1.000 лица. Инвестицијата од 4 милиони евра, планирано е во наредниве 5 години да достигне до 7 милиони евра, а покрај директните, бројката ќе биде зголемена и со индиректни вработувања.

gruevski2

– Илјада работни места ќе бидат сериозен допринос во намалување на невработеноста во Велес. И тоа се директни вработувања. Покрај директните ќе има и индиректни вработувања што значи дека бројката од 100 ќе биде надмината и ќе даде можност на други локални компании да бидат нивни партнери што ќе овозможи дополнителни работни места. Она што е важно за оваа инвестиција е прво дека отвора нови директни 100 вработувања и плус индиректни, но второ дека рестартира една пропадната затворена во времето на транзицијата фабрика „ Нонча Камишева“ која што беше останата само во сеќавањата на велешани, како успешна во еден период во минатото, а подоцна во текот на транзицијата пропадната, разграбена и затворена. Така што еден затворен капацитет, кој беше заборавен во времето се рестартира и ќе биде овозможено повторно производство во него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој додаде дека значајно е и тоа дека сопственикот на компанијата денеска ми кажа дека планира по реализацијата на оваа инвестиција во Велес, во период од година до две, во кој што очекува да се разрешат некои имотно правни проблеми во Демир Хисар, да отвори производство и таму, кое што исто така ќе биде значајно за луѓето кои што живеат во Демир Хисар.

-На овој начин добиваме една иновативна компанија, една од 10-те најиновативни компании во Германија, официјално прогласени минатата година, која што со одредена иновација прави производ кој што ќе биде многу интересен и за европскиот и за светскиот пазар. Ќе извезуваат во поголем број на држави, фабриката е одржлива, има силен и иновативен производ кој долг период ќе биде баран на пазарите. Тоа значи дека сите што ќе се вработат таму ќе имаат една извесност и сигурна иднина. Она што исто така е многу важно е што стартуваат со производство за две недели, веќе ги ангажирале првите вработени и полека ќе се зголемува бројот на вработени, заклучи Груевски.

 

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести