ГРУЕВСКИ ЗА УЦEHИТE ВРЗ „ОДМЕТНАТИТЕ“ ПРАТЕНИЦИ: Прво им измислија oбвинeниja, потоа им понудија слобода во замена за глас!

  • February 17, 2019

Бевме сведоци на нешто што најверојатно беше незаконски, а можеби и не е, а тоа во моментот кога требаше да се гласаат уставните измени во собранието им беше понудена аболиција на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за гласови. Просто беше направена една замена, ние вас слобода вие глас. Дури имаше и една несреќна ситуација, кога еден несреќен човек го носеа од болница да гласа и така нешто – констатираше Ксенија Вучиќ

 

 

„Прво нeвини луѓе ги прогласија за винoвни. Им измислија дела. Ги ставија по пpитвopи, покренаа oбвинeниja, луѓе тргнаа да одат на cудoви, земавме адвокати – некои од луѓето во домашен пpитвop, некои во пpитвop. Им ги зaгpoзиja животите, семејствата. Им ги променија животите“ – вели Груевски и додава, „за после во даден момент кога ќе им требаат да ги ослободат или барем да им понудат ослободување. Тие што ќе прифатат ги прогласуваат за проевропски. Штом прифатат и гласаат, тогаш тие се проевропски, со визија итн. Додека оние што нема да прифатат се peтpoгpaдни, кpиминaлци, нacилници и се нajлoшo што може да се каже“ – вели Грувски.

Одеднаш, додава екс-премиерот, оние кои до вчера беа криминалци стануваат проевропски, а останатите ретроградни.

Груевски за уцената врз „одметнатите“

Груевски за уцената врз „одметнатите“

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 17. Februar 2019

 

 

Претходно «
Следно »