ГРУЕВСКИ: Мерката за бесплатен железнички превоз проширена на секој прв и трет викенд

  • September 18, 2016
  • Коментари

Мерката за бесплатен железнички превоз беше дел од програмата во 2014 година, предвидуваше бесплатен железнички превоз во секој трет викенд за младите во Македонија.

nov-voz-na-zeleznicka-1-640x427

Веднаш по изборите започнавме да ја применуваме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Подоцна во оние 40 проекти за млади одлучивме да ја прошириме и да не биде  секој трет туку, секој прв и трет викенд во месецот. Можам да кажам дека одлично се спроведува затоа што до сега 84.000 млади луѓе ја искористија и заштедиле над половина милион евра, вели Груевски.

На тој начин овие заштедени пари останаа во џебовите на младите за да ги потрошат за некој друг приоритет, додава Груевски и потврди дека мерката ќе продолжи и во иднина.

Претходно «
Следно »