ГРУЕВСКИ МЕТА НА ХИБРИДНАТА ВОЈНА НА ЦИА: Бранко го цинкарел Груевски во американската амбасада

  • September 6, 2018

Конвенционалното известување за дописот од американската амбасада на Викиликс од 2008 година за “преговорите за името”  прави да изгледа како Ципрас да направи отстапка за Македонија, но всушност Заев ја продаде својата земја на Грција, што всушност е причината зошто САД сакаа да го инсталираат на власт на прво место.

Лидерот на опозицијата во Грција, Киријакос Мицотакис, контроверзно тврдеше дека неодамна објавениот Викиликс-кабел од 2008 година, напишан од американскиот амбасадор во Република Македонија во тоа време, јасно укажува на тоа дека Ципрас ги продал интересите на својата земја за да склучи зделка што потоа може да ја претстави како политички успех на неговиот народ. Аргументот посочува дека Скопје веќе пред една деценија го прифаќа договореното име  “Северна Македонија”, но претходните влади во Атина наводно одбиле бидејќи не сакаа да го признаат различниот етнички идентитет и јазик на нивниот северен сосед како македонски, иако потенцијалниот “Преспански договор” конкретно го побива историскиот наратив на земјата, и констатира дека ниту јазикот ниту идентитетот нема никаква поврзаност со антиката.

 

Промена на Уставот

 

Популарните демагошки коментари на Мицотакис го предизвикуваат  грчкото население кое во голема мера е огорчено од таканаречениот “договор за името”, кој сé уште треба да помине на референдум подоцна овој месец во Македонија пред да стапи во сила, во секој случај неговите коментари не се точен одраз на документите на Викиликс од 2008 година. Вистината се изгуби во јавност поради начинот на кој медиумите ја пренесуваат вест. Поранешната американска амбасадорка конкретно во документот на Викиликс ја искажува својата проценка дека единствено потенцијално прифатливо решение за поранешниот македонски премиер Никола Груевски е да го вклучи географскиот квалификатор во загради и да нема барања за негово земја да го промени своето уставно име. Меѓутоа, Заев прифати многу повеќе бидејќи “Северна” Македонија остануваат надвор од загради и прифати уставни амандман со што ќе се промени официјалното име на земјата.

 

Тоа претставува уште една точка на дивергенција меѓу тајната американска анализа на позиција на Груевски за ова прашање и онаа за која Заев јавно се согласи. Уште поважно, кабелот од 2008 година исто така споменува како Груевски предупредува дека Грција сака “да го ограничи македонскиот идентитет, историја, употреба на топоними”, односно се она што всушност  Заев  прифати летово.

 

Бришење на идентитетот на Македонија

 

Авторот детално ги објаснил дистописките детали за “договорот за името” во детална анализа во времето на подигање на свеста за тоа како “Македонија ќе стане прва на светот” политички коректна  “полициска држава”, а читателот треба да увиди од колкав дел од македонскиот суверентитет всушност Заев се откажа. Вистина е дека Ципрас се прекрши строгиот став на неговиот претходник и дозволи Македонците да ја користат таа придавка за да го опишат нивниот јазик и етничка припадност, но, најважно,  но го натера Заев да прифати во договорот дека нивната употреба на зборот има посебно значење од она во Грција, што значи дека нивната употреба официјално се однесува на нешто “сосема поинакво” од “хеленската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денес”.

 

Тврдењето дека денешна Република Македонија има некоја поврзаност со античка Македонија, за кое се тврди дека е поврзана со хеленистичката цивилизација, лежи во сржта на македонскиот современ идентитет. Ова значи дека Заев во суштина се согласил да ја разруши самата основа на постоење на својот народ, онака како што македонскиот народ ја разбира, со што  на Ципрас му се овозможи на Македонците да им даде таканаречената “концесија” , и да им “дозволи” да го користитат зборот македонски, но притоа тоа не е  ништо повеќе од шуплива “награда” лишена од какво било вистинско значење. Овој податок, повеќе од било што друго, ни дава до знаење дека Груевски хипотетички ќе се согласел на нешто сосема поинакво од она што го прифати Заев, и сугерира дека желбата на неговиот наследник е да ја продаде својата земја , а што впрочем е причината зошто САД го постави на власт на прво место.

 

Црвенковски го намести Груевски

 

Како доказ за тоа, доволно е да се прочита остатокот од обелоденетиот допис објавен на Викиликс во кој се опишува разговорот на поранешниот американски амбасадор со тогашниот претседател Бранко Црвенковски од опозициската СДСМ, кој во тоа време претседаваше со земјата, во време кога власта во државата ја доби ВМРО-ДПМНЕ по победата на Груевски на парламентарните избори. Додека Црвенковски навидум се согласува со многу од позициите на Груевски кога станува збор за името, тој како претседател и сугерирал на амбасадорката дека лидерот на ВМРО ја користи истата тактика на одложување како Грција, што може да доведе до тоа Македонија да стане “последна на Балканот која ќе влезе во НАТО и ЕУ (со Босна и Косово) “. Гледајќи во ретроспектива ваквата изјава на Црвенковски најверојатно предизвика што САД да работи на наводна промена на режимот и сето она што му се случуваше на Груевски од 2015 до 2017 година.

 

Говорејќи пред поранешниот американски амбасадор, претседателот кој потоа стана лидер на опозоцијата, изјави дека  “дури и во неверојатен случај Караманлис да прифати разумен предлог за името (1) Груевски ќе побегне од одговорноста за склучување на договорот  ( 2) и ако неуспешно ја избегне  одговорноста ВМРО ќе оди на референдум БЕЗ  да води кампања за гласање ЗА во јанвоста “Тој додаде дека новиот премиер може дури и да го фразира прашањето на тој начин што Македонците инстинктивно ќе гласаат против него, заклучувајќи дека” Груевски не ги гледа ЕУ и НАТО како доволно висок приоритет за да води кампања на референдумот за. “Овој  последен коментар дека  членството во ЕУ, а особено членството во НАТО не е приоритет за Груевски, кој го запали алармот во Вашингтон.

 

“Груевски мора да си оди!”

 

Свесни за стравот на САД кој го имале пред една деценија во врска со Груевски и неговиот став кон “прашањето за името” и што е најважно НАТО, не е чудно што тие веднаш започнале со прислушувањето на некои од најважните луѓе во земјата во со цел да ги користат овие снимки како иднина потпора за притисок врз него со цел да ги предаде неговите принципиелни позиции со цел брз влез на Македонија во американската воена алијанса. Преиспитувајќи ги изминатите три години во светло на она што сега е откриено, јасно е дека Груевски се спротивстави на овие тајни барања и тоа е причината поради која тој беше мета на операцијата за прислушување на ЦИА, која американците планирале да ја искористат во кампања на лажни вести и информативна војна со цел да предизвикаат обоена револуција против него.

 

Сега доаѓа улогата на опозициониот лидер на СДСМ, Заев, кој се појави на терен  наводно како “сериозен играч”, бидејќи САД веќе му ветиле власт додека тој го прави она што Груевски не го сакаше, а тоа е продавање на идентитетот на Македонија со цел да се забрза влезот на државата во НАТО,  нешто на што според Црвенковски, Груевски никогаш немаше да се согласи. Имајќи го ова на ум, не е претерано да се замисли дека веројатно циничните гледишта на Груевски кон НАТО придонесоа кон неговата желба прагматично да соработува со Русија и Кина на нивните балкански мегапроекти во регионот, што би придонело за перцепцијата на САД за закана во Македонија, перцепција за која во голема мера придонел Црвенковски”. Без сомнение, ова ќе објасни зошто САД работеа толку трескаво за да го постават Заев на власт во изминатите три години.

 

Заклучок

 

Документот на Викиликс е далеку од наводен “доказ” дека Ципрас ја продава Грција, кабелот на Викиликс во 2008 година, всушност, докажува колку е патриот Груевски и дава клучен увид во тоа зошто САД го сметаа како “закана” за своите регионални интереси. Поранешниот премиер не сакаше да и ‘даде на Грција она што Заев го даде, дури и ако му било дозволено симболично да го задржи етеричното име на “Македонија”, како што Заев на крајот се согласи со што се оствари планот на САД за формално проширување на НАТО и соодветно нарушување, контрола или влијание врз проширувањето на руското и кинеското влијание преку нивните мегапроекти низ Македонија. Ако Груевски не се согласи со “договорот за името” според условите на Грција, тогаш мораше да си оди, а Заев беше избран за негова замена.

 

Потребни се околу две и пол години хибридни воени немири, поттикнати од самиот почеток од лажните вести и информативната војна на САД, кој се обидуваше да го обвини Груевски за прислушување на највлијателните поединци во неговата земја, иако ова беше целосно предпланирана операција на ЦИА која го поттикна сценариото за промена на режимот, но во крајна линија успеа да го доведе Заев во позиција да ја спроведе политика на агресивно чистење на владата на поранешната владејачка партија, па дури и да го затвори својот претходник за обвиненијата за корупција за да испрати порака. Сфаќајќи колку е наместен целиот систем во овој момент и поради недовербата во Заев и неговите американски ракувачи да спроведат фер референдум за “проблемот со името”, македонските патриоти се одлучија на мирен отпор со бојкот на референдумот овој месец.

 

Можеби ќе треба уште една деценија, па дури и подолго за вистината за овие сегашни времиња да се открие исто како што неочекувано се појави неодамнешната хибридна војна во Македонија, но патриотите се сигурни дека доказите на крајот ќе се појават. Патриотите веруваат дека во овој момент ќе фалсификуваат резултатите од претстојниот референдум, со цел да се забрза влезот на земја во НАТО против волјата на народот.

Претходно «
Следно »