ГРУЕВСКИ НАЈАВИ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: ,,Магна” ќе отвори погон за производство на автомобилски делови во Охрид

  • February 10, 2019

Никола Груевски од Будимпешта најави нова инвестиција која набрзо треба да инвестира во Македонија која е договорена од неговата влада, владата на ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за  компанијата ,,Магна” која се бави со производство на автомобилски делови која ќе инвестира во Охрид.

-Од новите што треба да дојдат има уште доста. Сега јас не е кореткно сите да ги објавувам заради самите нив, но еве можам една да ви кажам ,,Магна” на пример е договорена спакувана уште во времето кога ние ја раководевме владата, тоа е компанија за автомобилски делови ќе инвестираат во Охрид. Барем беа решени во Охрид да инвестираат сега ако ја смениле нешто, ама генерално тоа беше. Сакаа прво да направат инвестиција во една друга држава ни рекоа готово договорени сме, да ја направиме оваа инвестиција кога ќе ја завршиме кога ќе тргне се, следната држава ќе бидете вие. Има и други само не е фер да ги спомнам.

Груевски заклучи дека актуелната власт на СДСМ се ,,шлепа” на сработеното од ВМРО-ДПМНЕ и тоа би било во ред ако продолжела новата власт да работи со исто темпо, но тој вели дека Заев успеал да избрка повеќе од 50 инвеститори кои биле спремни да инвестираат во државата, притоа забележувајќи дека Србија не може да ги прими сите инвеститори кои сакаат да инвестираат во Македонија.

 

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 10. Februar 2019

Претходно «
Следно »