ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Зголемувањето на социјалната помош, преку зголемувањето на даноците, е популистичка политика, а не рамниот данок како

  • April 10, 2018
  • Коментари

Зголемувањето на социјалната помош, преку зголемувањето на даноците, е популистичка политика, а не рамниот данок како што тврди СДСМ, смета поранешниот премиер Никола Груевски.

Во објава на Фејсбук Груевски потсети дека токму поради политиката на рамен данок во Македонија наместо 560 илјади сега има над 740 илјади вработени.

Нашата цел, потенцира Груевски, треба да биде намалување на бројот на социјални случаи преку отворање нови работни места, а не купување на гласовите на примателите на социјална помош, со зголемување на социјалната помош, како што практикува владата на СДСМ.

Неговиот статус го пренесуваме во целост.

Да, најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Оваа реченица е една од постулатите на десничарските влади кои стремат кон политики на пониски даноци, на повеќе работни места, наспроти политиките на левичарските влади кои стремат кон повисоки даноци, за повеќе пари за социјалата, но со негативно влијание за отворање нови вработувања. Оваа реченица стоеше во сите изборни програми на ВМРО-ДПМНЕ од 2006тата до 2016тата.

Јас секогаш сум бил поддржувач на тоа дека најмногу ќе им се помогне на посиромашните, ако со економските политики се отворат нови работни места, отколку ако со политиките се кочат истите, а на сметка на тоа им се нуди мало зголемување на социјалната помош. Најголем дел од луѓето кои примаат социјална помош, не би сакале да ја примаат и да чекаат милост од државата, туку да најдат работа и да заработуваат, се разбира повеќе од колку што е социјалната помош.

Токму зголемувањето на социјалната помош, преку зголемувањето на даноците, е популистичка политика, а не рамниот данок како што тврди СДСМ. Ако ние во 11 годишниот период не водевме вакви политики, Македонија веројатно се уште ќе имаше околу 560 илјади вработени, наместо како сега над 740 илјади вработени.

Да, најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Оваа реченица е една од постулатите на…

Posted by Nikola Gruevski on Tuesday, 10 April 2018

Претходно «
Следно »