ГРУЕВСКИ НЕ ОТКРИ КАКО ИЗБЕГАЛ: Власта не ми помогна во бегството, тие да можат друго би ми направиле!

  • February 2, 2019

Бегалецот Никола Груевски, по три месеци молк, освен две негови обраќања преку фејсбук статуси, реши од Будимпешта, Унгарија, да даде интервју за телевизија „Сител“. Тој ја открива својата рута на движење при бегството, но ги повтори само познатите детали до сега. Истакна дека не сака да открие дали од Македонија излегол на легален или на див премин.

-Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Албанија, се пријавив во тамошната унгарска амбасада, побарав политички азаил и дојдов во Унгарија. Откако заминав во Албанија, се движев со мојата лична карта, рече Груевски.

Тој на прашањето дали во бегството му помогнала власта, со насмевка одговори „Не“, додавајќи дека тие би му направиле нешто друго, не не и да му помогнат.

На прашањето дали поминал на легален или див премин, зајадливо, рече: Ова ќе го оставам за актуелната влада, бидејќи најавија дека отвориле истрага и дека ќе откриеле се, рече Груевски.

Претходно «
Следно »