ГРУЕВСКИ: Ова се историски моменти, народот одлучува за својата иднина и иднината на Македонија

  • November 23, 2016

11 декември се ближи и народот ќе си го каже она што чека да го каже веќе подолго време. Ќе даде одговор на сите измачувања и малтретирања кои ги трпеа граѓаните и државата, порача од Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа за ИЕ 4.

1nikola5

Груевски пред граѓаните во Неготино порача дека ова е историски миг, кога се одлучува за иднината на државата.

-Овие процеси се историски миг, кога вашата одлука кажува кава иднина сакате и во каква Македонија сакате да живеете. Коцките сами се поклопија и времето даде одговор зошто Заев беше човекот кој беше избран да ги има илегално стекнатите прислушувани разговори и зошто народот беше истуркан во гнев и омраза, а Македонија беше втурната во толку силна политичка криза и на кому му беше потребно државата да биде ослабена и поделена, рече Груевски.

Заев како на тацна почна да испорачува и да заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата, продолжи тој.

-За среќа народот се гледа и многу добро знае што се случува и каква е ова игра. Неговите изјави сами за себе говорат, а јас ќе ве потсетам на една која ја даде не пред 1 година, туку пред 1 недела. Заев рече: Верувам дека Македонија може да се стреми да стане Швајцарија. Швајцарија инаку е поделена на кантони. Па продолжи дека треба да се оди преку рамковниот договор оти тој бил само рамка. Сето тоа значи рекомпонирање на државата.  Ова е опасно сценарио, рече Груевски па продолжи:

-Ова се историски времиња но изборот е многу едноставен. Од една страна се Заев и кланот и криминални структури, а од друга страна е Македонија, суверена. Вие знаете дека треба да ја одберете Македонија и да се прати порака дека не може да се инсталираат политичари, туку народот треба сам да одучи кој ќе го води, порача Груевски.

Народот, додаде, ќе ја одбере Македонија и политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија која продолжува да се движи напред кон ЕУ, НАТО и економски просперитет.

Претходно «
Следно »