ГРУЕВСКИ ПРЕДУПРЕДИ НА ОПАСНОСТА: Без 61 пратеник ќе има лоши работи и Македонија ќе биде уценувана!

  • February 26, 2017

Ние се бориме за секого подеднакво, за секој наш граѓанин. И ако некогаш го кренеме гласот да предупредиме за некои последици за државата, да предупредиме дека некој е на лош пат и сака да ја однесе цела држава на лош пат, не значи дека ние сме националисти кои мразат некои други граѓани или народи или некои други етнички заедници. Не. Само укажуваме дека на сите ќе ни го растурат мирот, спокојот, соживотот. Ќе направат повторно да имаме големи проблеми, да се закрвиме до немајкаде. Зошто? За некој што наумил со сила без народна волја да стане премиер, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на предизборниот митинг одржан на 28-ми ноември минатата година, но истото го повторуваше насекаде, во секое место, село, град.

nikolagruevski

 

 

 

 

 

 

Во рамки на целата кампања Груевски, носителите на пратеничките листи, сите видни членови на ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа дека без освоени 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За слободна Македонија“ ќе има лоши работи за Македонија.

-Ние немаме ништо против Албанците, напротив. Тие се наши сограѓани. Албанците во Македонија континуирано во минатото добиваа повеќе и повеќе права и демократијата растеше во тој дело. Останавме доследни во спроведувањето на Рамковниот договор. Ние сакаме со нив да живееме во мир и во слога. Сакаме секогаш да си помагаме едни со други, но ова што ни го прави некој преку инструментот Зоран Заев, со ова некој сака да ни ја растури слогата. Албанците и во овој момент, нивниот јазик може да го користат таму каде оние што се помали етнички заедници го користат во сите други држави за Западна Европа. Ретко која земја во Западна Европа со сооднос како што се Македонци-Албанци, има повеќе права дадено на помалата етничка заедница. Напротив, најголемиот дел имаат помалку права. Ја не мислам дека е лошо што сме дале и повеќе права, ние тука живееме заедно, треба да се помагаме, да се рзбираме. Но, да се одина давање на такво ветување за целосна двојазичност кое после прави многу проблеми и во функционирање на војската, на полицијата и на други институции. Тоа само ќе ни создаде проблеми, нови поделби. Тоа не ни е потребно, на Македонците и на Албанците потребна им е подобра економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, економски напредок, истакна Груевски.

Претходно «
Следно »