ГРУЕВСКИ: СДСМ изгубија па излегоа на прослава , колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник а си губитник

  • February 11, 2017

Јас на граѓаните во многу наврати им предочив дека доколку нема јасна победа со 63 пратеници тоа ќе биде можност кризата да биде продолжена, тоа го сакаат некои сили, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Тв Нова.

gruevskii-640x361

Тоа не се случи затоа што некои работи се изместија со многу фактори. Сега кризата продолжува само се менуваат одредени фази има одредени разлики но продолжува и тоа не е добро. Нам ни требаат пред избори со јасна победа. Ако изгубиме со еден пратеник ние нема да играме како СДСМ со националните интереси, затоа што така  и државата ќе губи. Ние тоа нема да го правиме како СДСМ, ќе се бориме во парламентот но нема да бидеме како нив. Изгубија па излегоа на прослава и до ден денес тоа го зборат. Колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник. Нека има избори да видиме кој ќе победи нека одбере народот. Но потоа да се овозможи да се формира влада и да се остварат целите, рече Груевски.

Претходно «
Следно »