ГРУЕВСКИ: СДСМ на изборите извади тешки пари

  • February 11, 2017

ВМРО-ДПМНЕ на изборите ги освои истите гласови споредено со 2014 година и тоа значи дека сме имале кристално чиста победа иако СДСМ тоа сакаше тоа да го оспори. Ги задржавме гласачите и дојдовме до голема победа. Горди сме за тоа и тоа е заработено со многу труд и работа. Потоа имаше обид за постизборен инженеринг. На овие избори претходеше сериозно влијание однадвор да се влошат позициите на нашата партија, а да му помогнат на СДСМ, изјави Груевски вечерва  за ТВ Нова.

grujjo3

– Нема граѓанин кој не го препозна тоа, ВМРО-ДПМНЕ да биде оцрнет и граѓаните да не гледаат со други очи. СДСМ на овие избори извади тешки пари. Беше видливо дека потрошија многу повеќе пари од нас иако во извештаите тоа не се гледа. Времето ќе покаже од каде се тие средства. Ништо нема да остане скриено. Беше организирана хајка против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема капацитет самите да го организираат тоа. Извлековме максимум на изборите. Нема партија во Европа што ќе издржи такво торпедирање.

GRUJO_1

Народот препозна што се случува, никој не троши толку пари за забава туку за одредена цел. По изборите беше видлив обидот да ги променат резултатите преку изборен инженеринг. Ние се потпиравме на народот кој те бира да оствариш цели кои нему му се цели. Не случајно бев ангажиран на економијата, заработувачката но некој за тоа време подготвувал друга работа, вели Груевски.

 

Претходно «
Следно »