ГРУЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО ХАН: Груевски на средба со Хан, СДСМ и Заев изолирани со мачкари и фашисти!

  • May 30, 2016

Претседателот на владејачката македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Луксембург оствари средби со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, со Жозеф Дол, претседател на ЕПП која е најсилна политичка партија во Европа, со европратеникот Алојз Петерле и други присутни на овој настан.

gruevski-epp

Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург Бобан Нонковиќ, Груевски беше еден од повидните гости на политичкото Собрание на најбројната партија во Европскиот парламент каде според поранешниот македонски премиер, се разговарало за општи теми што ја погодуваат Европската унија и европскиот континент во целост.

– Денеска на политичкото Собрание се разговараше на повеќе теми, почнувајќи од референдумот во Британија, генерално економијата во земјите на Европската унија и теми што се поврзани со мигрантите и бегалците, односно проблемите што се создаваат. Разговаравме и за состојбите во земјите-членки на Европската народна партија, за тоа каде наскоро има избори, кога се изборите, што се очекува на нив итн. Станува збор за политичко Собрание на кое се опфатени поголем број на теми и каде што се презентираат различни информации со цел нивно споделување, но и каде што се прави подготовка за идно носење на одлуки и ставови на ЕПП по различни прашања што се важни за Европската унија и за позициите на ЕПП во рамки на ЕУ, истакна Груевски во изјава за дописникот на МИА Нонковиќ по завршувањето на Собранието.

Вечер, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, која е сестринска партија на европските демохристијани, ќе присуствуваат и на свечен настан 40-годишнина по повод формирањето на ЕПП, каде се очекува присуство на германската канцеларка Ангела Меркел, на лидерската двојка на ЕУ, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, на унгарскиот премиер Виктор Орбан и други претставнции на европскиот политички врв.

– Попладнево почнува и големата прослава на 40 години од формирањето на ЕПП, најсилната политичка партија во Европската унија каде членува и ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва, по повод прославата има организиран коктел и ќе биде интересно да се присуствува на тој настан, исто како и на овој, бидејќи дава можност покрај неговата основна замисла и за остварување на голем број контакти и средби, разговори со многу лица со кои може да се разменат информации, особено информации што се значајни за Република Македонија – изјави Груевски за вечерашниот настан.

Учеството на Никола Груевски и делегација на ВМРО-ДПМНЕ на денешните два големи настани на најголемата политичка сила во Европа се оценува како потврда на поддршката на Европската народна партија на својата сестринска партија во Република Македонија.

Претходно «
Следно »