ГРУЕВСКИ СО ЛЕКЦИЈА ПО ЕКОНОМИЈА: За да се доде до посериозно зголемување на платите мора да се постигне полна вработеност

  • February 10, 2019

Никола Груевски уште еднаш ја покажа својата експертиза во економијата посочувајќи дека платите во една држава единствено можат да пораснат ако се намалува невработеноста. Тој вели дека за да дојде до посериозно зголемување на просечната плата мора да се постигне ниска невработеност со што ќе се создаде конкуренција помеѓу работодавачите за привлекување работници, а тоа најчесто се постигнува со повисоки плати.


Се знае во економијата за да се дојде до посериозно зголемување на платите прво мора да се постигне полна вработеност па после да почнат да растат платите. И нашата цел беше тоа, да дојдеме до вработеност како што е еве сега во Унгарија, 3,7 проценти, 2,7 во главниот град и тогаш почнуваат да растат платите. И тука во Унгарија да кажеме претходно платите биле 300-400 евра просечна плата, сега е 650 и расте, затоа што дошле до невработеност што всушност значи дека нема невработеност. 2,7 секој економист ќе ви каже дека не работат само тие што не сакаат да работат. И штом  е таква ситуација секој нов што сака да отвори бизнис мора да превземе работник од друга компанија. За да го првеземе мора да му даде многу подобри услови, бидејќи тој си работи си има сигурност, си има договор си има плата и сега за да прејде кај друг треба да има многу подобра понуда за да прејде, а таа понуда најчесто е во платите. И така почнуваат да растат платите во една економија.

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ПРВ ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 10. Februar 2019

Претходно «
Следно »