ГРУЕВСКИ: Теpopистите од Диво Насеље се кукавици, тие од заседа глумејќи дека се предаваат yбивaa полицајци!

  • February 26, 2019

Во интервју за „Република“, екс-премиерот Никола Груевски одговори на прашањата во врска со зakaните од т.н. „Кумановска група“:

ГРУЕВСКИ: Ова за мене не е ништо ново. Вакви зakани и јавно и приватно добивам долг период, како од оваа група теpopисти и kpиминалци така од други слични на нив.

Дали баравте поголема заштита од МВР поради ваквите зakани додека бевте во Македонија?

ГРУЕВСКИ: Да. Од напуштањето на премиерската функција додека пред доаѓањето на СДСМ на власт бев солидно заштитен. Кога Оливер Спасовски стана министер за внатрешни работи, упатив писмо до него со барање да ми биде одобрен поголем број лица за обезбедување од пропишаниот заради безбедносни ризици поврзани со извршувањето на функцијата премиер. По извесно време добив негативен одговор во кој беше наведено дека нивните служби процениле дека немам ризици, иако дел од зakаните беа и јавни. Таква беше и онаа од УЧК од Косово, изречена јавно со јавна објава, чинам некаде во 2015 или 2016 година против мене и Сашо Мијалков, но и против нашите семејства. Освен тие, имаше и многу приватни или преку социјалните мрежи, какви што и денес имам.

Мислев дека барем ќе ме прашаат нешто повеќе околу моето барање, но арогантно ме одбија без разговор. Фрустрацијата им го одзема разумот.

Дополнително на тоа, писмото го објавија во медиумите, божем некој медиум сам неофицијално дошол до писмото. Тоа го сторија за да ме понижуваат, да ме омаловажуваат, да се ситат оние кои ми се противници, а и потенцијалните насилници да знаат дека сум сведен на минималниот законски број лица за обезбрдување, кои исто така планираа да ми ги укинат. Сакаа да ме прикажат и како човек кој ужива и не може да живее без обезбедување, небаре е многу пријатно цел живот каде и да одиш некои луѓе да ти дишат во вратот на секој чекор, па макар тоа било добронамерно обезбедување.

Дочекав државата за која се борев и работев толку многу години, за која ги вложив моите најубави години од животот и за чија заштита влегов во големи ризици кои ќе траат до крајот на мојот живот, кога дојде нова власт не само што не сакаше да ме заштити туку правеше сè за да се овозможи реализација на зakаните и ризиците. Тоа е кога власта е водена од незрели луѓе, водени од омраза и лични фрустрации наместо од државничка свест.

Сепак, не се каам. Изборот беше мој. Но, укажувам дека таа пракса е лоша и еден ден ќе им се удри од глава на оние кои ја практикуваат денес. Зрели држави и влади не постапуваат така.

Дали кога кажавте дека сте добиле закани по животот и инфрмации за можна ликвидација во затвор мислевте токму на овие?

ГРУЕВСКИ: Не можам да ве информирам за тоа. Јавното објавување на некои чувствителни информации можат дополнително да ми ја влошат состојбата, а и се плашам дека сериозно ќе ги загрозам изворите кои ми ги дадоа информациите за тоа што ми се подготвува.

Членовите на Кумановската група, кои се обратија со отворени писма или Фејсбук статуси, велат дека четворица соборци од Диво Насеље биле мачени и лиkвидиpaни од полицијата откако се предале со гаранции од ОБСЕ. Дали вие наредивте такво нешто и колку сте во тек со тоа?

ГРУЕВСКИ: Јас прв пат слушам за вакви работи и не знам дали воопшто се точни. Сепак, тоа се работи кои можат да се проверат. Никогаш не сум побарал по предавањето и апceњето некој да биде тепан или малтретиран, а уште помалку yбиeн.

Мој личен став за тоа е дека Бог го дава животот и само Бог има право да го одземе.

Ова секако не важи во ситуација на самоодбрана и во ситуација за спас на други животи на невини жртви од насилници и терористи. Одбрана на земјата од терористи е и едното и другото.

Да не заборавиме дека оваа група нелегално влезе во Македонија со огромно количество најмодерно оpyжје и според разузнавачките информации планираше да врши сериозни теpopистички акции на трговски центри, мостови и слични јавни површини. Затоа и беше пресретната од полицијата.

Неколку месеци пред тоа, пред да преминат од Косово во Македонија, бев информиран дека некои од тие луѓе се обидувале да извршат рекет и изнуда на пари од еден висок албански политичар и партија. Колку што знам не успеале, па вршеа зakани од различен тип. Потоа, околу кумановските настани добив и многу други разузнавачки информации за целите, мотивите и задината на доаѓањето на оваа група која важи за многу опасна. Првиот момент кога испратија сигнали за предавање, им беше овозможено. Ничиј живот не треба да биде одземен ако не мора, односно ако не се обидува да одземе туѓ живот во даден момент. Но, токму тогаш тие покажаа дека се кукавици. Според информациите, тие направија кукавички чекор што побараа можност сите да се предадат, полицијата се согласи, извадија бело знаме, излегоа со кренати раце, за кога полицијата која им даде шанса за живот, излезе од барикадите за да ги прифати, одзади некој од нивната група yби неколку полицајци.

Тој потег не е баш витешки, како што сакаат да се прикажат некои од нив. Но и покрај тоа, кога по неколку часа и преостанатите побараа можност да се предадат и покрај кукавичкото чин при првото предавање, полицијата повторно им даде шанса да живеат и да бидат изведени пред cyд. Ако полицијата сакала да ги лиkвидиpa, можела да не го прифати апелот за предавање, особено вториот пат после подмолното yбивaњe од заседа. Но, баш полицијата постапила со ладна глава и човечки во една таква тензична ситуација.

Од тука не знам зошто и кој отпосле би yбивaл веќепредадени лица.

Претходно «
Следно »