ГРЦИТЕ БЕСНИ И СО ОСТРИ РЕАКЦИИ: Јункер неколку пати го спомна терминот Македонија и Македонци

  • March 2, 2018
  • Коментари

Остри реакции во грчката јавност откако Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер во последното интервју за Дојче Веле говорејќи за евроинтегративните процеси на земјата неколку пати го спомна терминот Македонија и македонци. Ова кај грчките медиуми одекна како нова грешка на Јункер . Дел од насловите кои осамнаа во грчките медиуми денеска беа: Оган врз црвените линии на Грција , Македонците напредуваат, Провокација од Јункер .

 

Грчки CNN пишува дека – Претседателот на Комисијата граѓаните на ПЈРМ ги нарекуваше како „Македонци“, а паралелно рече дека името на земјата е „бирократски термин“

Прото тема пак коментира дека изјавата на Јункер доаѓа неколку дена откако Меркел во Берлин го пречека „македонскиот премиер“ и потсетува дека претседателот на ЕК и во минатото го искористил терминот „Македонија“, но тогаш „веднаш ја сфатил грешката и ја поправил“.

Новинарката на Прото тема во својата анализа понатаму коментира дека Јункер, сега, го прифаќа истото име, без двоумење и тоа во време на тешки преговори a вели повтореното погрешно споменување,  ги прекршува одлуките и обврските на самата ЕУ и претставува индиректен притисок врз Грција.

Претседателот на ЕК Јункер во последното интервјуз за Дојче Веле рече дека  Македонците се на добар пат и дека ги разбрале неговите размислувања и пораки. Сепак и вчера во Софија тој порача дека интеграциите на земјите од западен балкан ќе зависат исклучиво од нивниот напредок.

Претходно «
Следно »